Nokia
Кога ќе го чуеме името Nokia, веднаш помислуваме на мобилни телефони познати по издржливоста – доволно за да станат интернет мимови. Но, дали знаевте дека оваа финска компанија започнала уште во 1865 година како фабрика за хартија? Првиот производ што излегол од нивните погони бил тоалетна хартија. Патот од хартиената индустрија до мобилната револуција траел децении – доказ дека еволуцијата на брендот е клучна за неговата долгорочна вредност.
Извор: DALL-E3
Lego
Денес Lego ги поттикнува децата (и возрасните!) да градат светови со пластични коцки, но во 1932 година, данскиот основач создавал дрвени играчки, меѓу кои и познатата дрвена патка на тркала. Пластиката дошла подоцна, а името Lego доаѓа од данскиот израз „leg godt“, што значи „играј си добро“.
Извор: DALL-E3
Sony
Технолошкиот гигант Sony, денес познат по телевизори, камери и PlayStation, во 1946 година го претставил својот прв производ – електричен уред за готвење ориз, направен од дрвени кофи и метални електроди. Не бил посебно успешен, но бил темел за технолошкиот напредок што ќе следи.
Извор: DALL-E3
Samsung
Кога ќе се спомене Samsung, веднаш мислиме на телефони и телевизори. Но, во 1938 година, оваа јужнокорејска компанија продавала сушена риба, резанци и овошје. Основачот, Ли Бјунг-чул, започнал како трговец, а името Samsung – што значи „три ѕвезди“ симболизира големина, моќ и вечност. Денес, тие ѕвезди сјаат во технолошкиот свет.
Nintendo
Јапонскиот гигант Nintendo, кој ни го донесе Super Mario, постои од 1889 година – и прво произведувал карти за играње Hanafuda. Видео игрите доаѓаат дури во втората половина на XX век, но „играта“ отсекогаш била дел од нивната ДНК.
LG
Денес, LG е синоним за електроника, но почетоците се во светот на убавината. Во 1947 година, тие произведувале креми за лице под брендот Lucky – од каде доаѓа и името Lucky-Goldstar, денешно LG. Подоцна почнале со пасти за заби, детергенти, а потоа и електроника.
IKEA
Ingvar Kamprad, основачот на IKEA, започнал како дете – продавал кибритчиња на соседи, а подоцна и картички, пенкала, паричници. „Сам свој мајстор“ мебелот дошол подоцна, кога увидел колку луѓето го ценат функционалниот и достапен дизајн. Денес, IKEA не продава само мебел – туку и стил на живеење.
Lamborghini
Ferruccio Lamborghini започнал со производство на трактори, но неговата пасија биле автомобилите. Откако купил Ferrari и бил незадоволен, му се пожалил на Енцо Ферари, кој му одговорил дека „тракторист не знае да вози вистински автомобил“. Навредениот Феручио му докажал спротивното – и така настанал еден од најлуксузните брендови во авто-индустријата. (И да – трактори Lamborghini сè уште се произведуваат!)
Wrigley
William Wrigley Jr. не планирал да создаде гума за џвакање. Сакајќи да продава сапуни и прашок за печиво, почнал да им поклонува гуми за џвакање на купувачите. Луѓето се враќале – но не по сапун, туку по гуми за џвакање. И така, од гратис додаток, се родила една од најголемите империји за гуми за џвакање на светот.
Извор: bizlife.rs