Најава за масовни отпуштања во уште една компанија од автомобилската индустрија

Добавувачот на автомобилски делови и софтвер Bosch планира да укине 5.500 работни места, од кои најмногу, 3.800, во Германија.

masovno-otpushtanje-2516-fi

Извор: Freepik

Најава за масовни отпуштања во уште една компанија од автомобилската индустрија

Добавувачот на автомобилски делови и софтвер Bosch планира да укине 5.500 работни места, од кои најмногу, 3.800, во Германија.

Намалувањето на работната сила е дел од „планот за прилагодување“, соопшти портпаролката на компанијата. Бројките засега се само дел од нацрт-планот и допрва треба прецизно да се договорат со претставниците на вработените.

Bosch во Германија има 134.000 вработени. Најмногу работни места ќе бидат укинати во областа на софтверот, како што се компјутеризираните возачки асистенти.

До крајот на 2027 година во тој сектор, ќе бидат укинати околу 3.700 работни места, од кои приближно половина ќе бидат во Германија.

Причината за преструктуирањето во Bosch е иста како кај Volkswagen и Ford – кризата во автомобилската индустрија, а особено слабата продажба на електрични возила.

Светскиот пазар оваа година стагнира, а опоравувањето не е на повидок ниту во следните неколку години. Ваквата намалена побарувачка ги остава добавувачите, како Bosch, со скапи вишоци на капацитети.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.