Криптоинвеститор купи банана залепена на ѕид за 6,2 милиони долари

Бананата залепена на ѕид, провокативно дело на италијанскиот концептуален уметник Маурицио Кателан, беше продадена на аукција во Њујорк за 6,2 милиони долари на инвеститор во криптовалути, соопшти аукциската куќа Сотеби.

kripto-investitor-2507-fi

Извор: AP Photo/Eduardo Munoz Alvarez

Јадливото уметничко дело „Комичар“, првпат претставено во 2019 година на изложбата Art Basel во Мајами, предизвика контроверзии и дебати дали тоа воопшто може да се смета за уметност, што и беше целта на Кателан.

Инвеститорот во криптовалути од кинеско потекло, Џастин Сан, во средата издвои над шест милиони долари за ова овошје и лента од селотејп. Делото, кое пред пет години беше понудено на аукција за 120 илјади долари, сега достигна рекордна цена, пренесува AFP.

„Ова не е само уметничко дело. Тоа претставува културен феномен што ги премостува световите на уметноста, мемите и заедницата на криптовалутите. Верувам дека ова дело ќе инспирира нови идеи и дискусии во иднина, и ќе стане дел од историјата“, изјави Сан во соопштението од Сотеби.

Аукција и очекувања

Аукцијата вклучувала седум потенцијални купувачи, но конечната цена ги надминала сите очекувања. Сотеби претходно процени дека делото ќе биде продадено за сума помеѓу еден и 1,5 милиони долари.

kripto-investitor-2507-ps1

Извор: AP Photo/Eduardo Munoz Alvarez

Упатство со бананата

Земајќи го предвид рокот на траење на бананата, Сан всушност купува сертификат за автентичност, со упатства како да се замени овошјето кога ќе се расипе.

Продадената инсталација е третата верзија на делото. Првата верзија беше изедена од уметничкиот изведувач Дејвид Датуна, кој на изложбата во Мајами почувствувал „глад“. Сан, основач на берзата за криптовалути Tron, најави дека и тој планира да ја изеде својата инвестиција.

„Во наредните денови лично ќе ја изедам бананата како дел од тоа уникатно уметничко искуство, оддавајќи почит на нејзиното место во историјата на уметноста и популарната култура“, изјави тој.

Уметноста на Кателан

Кателан, освен по „Комичар“, е познат и по целосно функционалната златна тоалетна школка од 18 карати, наречена „Америка“, која му беше понудена на Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат во Белата куќа. Делата на Кателан често се хумористични и намерно провокативни – во 1999 година создаде скулптура на папа што го погодува метеор, дело наречено „Деветтиот час“.

Своето дело со бананата го прогласи за критика на пазарот на уметност, кој претходно го опиша како шпекулативен и со мал придонес за самите уметници. Почетната цена од 120 илјади долари за „Комичар“ во 2019 година беше протолкувана како доказ дека пазарот на уметност „е во банана“ и дека светот на уметноста  „полудел“, како што тогаш пишуваше New York Post.

Контроверзии околу Сан

Бананата, продадена во средата за 6,2 милиони долари, претходно беше купена на Менхетен за 35 центи од продавач на овошје од Бангладеш, пренесува The New York Times. Сан и претходно беше тема во медиумите поради наводно сомнителни активности во светот на криптовалутите. Американските власти минатата година го обвинија за манипулација со пазарот и нерегистрирана продажба на криптоимот, што го промовираше со поддршка на ѕвезди како пејачката Линдзи Лохан.

Во 2021 година, Сан го купи делото „Нос“ на Алберто Џакомети за 78,4 милиони долари. Сотеби ја опиша таа продажба како сигнал за „доаѓањето на помладите, технолошки вешти колекционери“.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.