Падот на побарувачката го „принудува“ Siemens на масовни отпуштања

Германската индустриска компанија Siemens планира да отпушти повеќе од 6.000 вработени ширум светот, главно во своето водечко одделение за дигитализација на фабриките, објаснувајќи дека мора да ги прилагоди своите производствени капацитети на намалената побарувачка.

siemens-3148-fi

Извор: bizlife.rs

„Намалената побарувачка, особено на клучните пазари како Кина и Германија, во комбинација со зголемениот конкурентски притисок, значително ги намали нарачките и приходите во секторот за индустриска автоматизација“, се наведува во соопштението на германската групација.

Овој план за штедење ќе опфати два проценти од работната сила на Siemens, кој глобално вработува 313.000 луѓе.

Сепак, компанијата наведува дека, и покрај планираните намалувања, вкупниот број вработени во Германија ќе остане стабилен благодарение на вработувања во други сектори на компанијата.

Ова е уште еден удар за најголемата европска економија, која веќе две години е во рецесија и доживеа серија на социјални програми за преструктуирање во индустрискиот сектор.

Големиот конгломерат со седиште во Минхен, чија дејност опфаќа производство на турбини, медицинска опрема, софтвер и локомотиви, ја заврши својата финансиска 2024 година со рекордно добри резултати. Сепак, овие резултати варираат во зависност од секторот.

Секторот за дигитални индустрии, кој беше главен двигател на растот во последниве години, забележа пад на продажбата од осум проценти во текот на финансиската година, пред сè поради намалените нарачки во Кина, што е клучен пазар за Siemens.

Очекувањата за 2025 година се негативни – Siemens прогнозира дека приходите во секторот за дигитални индустрии ќе паднат за уште шест проценти.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.