Duolingo воведе 148 нови јазични курсеви развиени со помош на вештачка интелигенција

Компанијата Duolingo објави дека вовела 148 нови курсеви за изучување јазици, создадени со поддршка на вештачка интелигенција.

duolingo-3510-fi

Извор: Unsplash

Со овој потег, Duolingo го удвои бројот на достапни курсеви, а според порталот TechCrunch, компанијата се соочува со критики од корисниците поради најавата дека ќе замени многу хонорарни соработници со вештачка интелигенција.

Од компанијата соопштија дека ваквиот напредок не би бил можен без инвестициите во вештачка интелигенција и автоматизација, кои овозможуваат создавање на содржини со голема брзина и според високи стандарди за квалитет.

„Развојот на нашите први 100 курсеви траеше околу 12 години, а сега, за отприлика една година, успеавме да создадеме и лансираме речиси 150 нови курсеви. Ова е одличен пример за тоа како генеративната вештачка интелигенција може директно да им користи на нашите корисници“, се вели на веб-страницата на компанијата.

Duolingo е американска компанија од областа на едукативната технологија која развива апликации за учење и издава сертификати за познавање јазици. Компанијата нуди курсеви по дури 43 јазици, вклучувајќи ги и најпопуларните, како што се англискиот, францускиот и шпанскиот.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.