- Намалувањето на инфлацијата ги охрабрува централните банки, вклучувајќи ја и Федералната резервна банка на САД, дополнително да ги намалат каматните стапки, што пак ќе ги поттикне потрошувачите да купуваат.
- Трошоците за ИТ достигнуваат 3,6 трилиони долари, бидејќи компаниите инвестираат во ВИ. Околу 30% од големите американски фирми вложуваат 10 милиони долари или повеќе во ВИ, за разлика од 16% во 2024 година.
- Стареењето на населението станува загрижувачки факт. Околу 12% од луѓето се на возраст над 65 години. Сепак, само 10% од глобалниот БДП се издвојува за здравствена заштита.
- Владите промовираат сеопфатни зелени иницијативи. Производството на обновлива електрична енергија расте, но фосилните горива сè уште обезбедуваат над четири петтини од енергетските потреби.
- Електричните возила се светла точка за производителите на автомобили, со зголемена продажба за една четвртина. Сепак, стравот од ограничената автономија одвраќа многу купувачи и насочува други кон модели без приклучок.
- Авиокомпаниите ветуваат намалување на емисиите на јаглерод диоксид, додека купуваат нови авиони. Со зголемување на меѓународните патувања на 1,6 милијарди, туризмот генерира 5-8% од сите стакленички гасови.
- Пазарот на недвижности предизвикува нервоза кај политичарите и регулаторите, иако доспеваат хипотеки во вредност од 2,1 трилиони долари. Цените на куќите генерално се високи, и покрај падот на цените во Кина.
- Зелените политики ги зголемуваат глобалните цени на металите за 7,5%, при што расте побарувачката за сè, од батерии за автомобили до кабли , а со тоа и од бакар до челик.
- Еколошките цели го стимулираат трошењето за инфраструктура ширум светот. Вкупните фиксни инвестиции се искачуваат на речиси 28 трилиони долари, што претставува една четвртина од глобалниот БДП.
- Превозниците исто така мора да се прилагодат на зелените трендови: 40% од нивните емисии се вклучени во системот за трговија со емисии на ЕУ. Геополитиката, исто така, ги потресува транспортните пазари.
Извор: Economist.com