Amazon додава основни модели во своето ВИ портфолио

Amazon објави нова серија на основни модели кои имаат за цел да се натпреваруваат со оние од OpenAI, Anthropic и Meta, како дел од низата објави поврзани со вештачка интелигенција што ги најави технолошкиот гигант.

amazon-portfolio-2614-fi

Извор: ВИ генерирана слика

Amazon долго време има значајна улога во областа на генеративната вештачка интелигенција, главно благодарение на својот бизнис со веб-услуги. Сепак, новите чекори се дизајнирани за да му обезбедат поголемо влијание.

Amazon ја искористи својата конференција re:Invent во Лас Вегас за да открие нови чипови, модели, услуги и клиенти. Сладат некои од објавите:

  • Компанијата ја претстави својата серија основни модели Nova, кои опфаќаат сè, од многу лесни текстуални модели до поголеми јазични модели, како и модели способни за креирање слики и видеа.
  • Amazon соопшти дека работи на „Project Rainier“, огромен суперкомпјутер кој користи стотици илјади од сопствените Trainium2 чипови, а Anthropic е првиот клиент.
  • Дополнително, Amazon најави дека неговите Trainium2 чипови се достапни за ВИ клиенти, со плано Trainium3 да се лансира следната година.

Apple направи редок јавен потег поддржувајќи еден од своите добавувачи, појавувајќи се на сцената на re:Invent за да соопшти дека ги користи специјалните ВИ чипови на Amazon за услуги за пребарување и дека разгледува нови чипови на Amazon за пред-обука на своите ВИ модели.

Овие објави се дел од стратегијата што ја претстави извршниот директор на AWS, Мат Гарман, во интервју за Axios оваа година. Неговата цел е да го позиционира Amazon како клучен инфраструктурен провајдер за целата ВИ индустрија.

  • „Сите лансираа чет-ботови,“ изјави Гарман за Axios. „Ние направивме чекор назад и рековме: ‘Која е инфраструктурата и платформата што мислиме дека нашите милиони претпријатија и старт-апи ќе сакаат да ја користат?’“
  • Специјалните чипови се голем дел од она што Гарман верува дека ќе му даде предност на Amazon на долг рок. „Знаевме дека цената и перформансите ќе бидат клучни, и затоа пред пет години започнавме со развивање на сопствени силициумски чипови за поддршка на ВИ моделите,“ рече тој.

Следната генерација на Alexa, гласовниот асистент на Amazon со дополнителни функции базирани на ВИ, ќе дебитира следната година.

Amazon е во преговори со новински агенции за лиценцирање на нивната содржина за одговори генерирани од ВИ на кориснички прашања за вести, известува медиумскиот кореспондент на Axios, Сара Фишер.

Извор: Axios.com

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.