Dogecoin стана водечки „тркач“ на дигиталната патека, со пазарна вредност што се искачи на 57,8 милијарди долари, надминувајќи ги 56,1 милијарди долари на Porsche на 27 ноември 2024 година.
Dogecoin го престигна Porsche според пазарна капитализација
Овој метеорски пораст на Dogecoin во 2024 година може да се припише на комбинација од моќни социјални мрежи, маркетинг генијалност и поддршката на милијардерот Илон Маск. Маск, познат по неговото „лајкање“ на Dogecoin на платформата X (поранешен Twitter), дополнително го поттикна интересот со формирањето на Одделот за владина ефикасност (DOGE), чиј акроним наликува на ticker-симболот на криптовалутата. Оваа интересна коинциденција предизвика бран шпекулации и ентузијазам кај малите инвеститори.
Dogecoin не е само резултат на вирален тренд. Неговата пазарна вредност дополнително се зголеми откако Valour, подружница на DeFi Technologies, го објави првиот DOGE ETP (Exchange-Traded Product), дозволувајќи им на институционалните инвеститори да се вклучат во тргувањето со оваа криптовалута. Како што објасни Јохана Белиц, шефот на Valour за нордиските земји, интересот за Dogecoin експлодира по резултатите од претседателските избори во САД, што дополнително го поттикна лансирањето на овој производ.
Податоците од CompaniesMarketCap откриваат дека Dogecoin скокнал за неверојатни 395% од почетокот на годината до денес, додека Porsche изгубил повеќе од 34% од својата вредност. Автомобилскиот гигант, чија вредност во април 2023 година беше 117 милијарди долари, сега се бори со пад на 56,1 милијарди долари, додека крипто-кучето незапирливо „брза“ напред, објави порталот Binance.
Извор: Web-mind.rs