ЕОС Матрих е водечки финансиски инвеститор за наплата и управување со побарувања во Македонија. Со долгогодишна репутација за одговорно корпоративно управување, EOS Матрих е препознатлива по иновации и посветеност кон финансиска одржливост и заеднички напредок. Истовремено важи за компанија која предничи во добро управување, одговорност и усогласеност со врвни ЕСГ стандарди. Во пресрет на годишната Конференција The Economist MeetUp – The World Ahead 2025 разговараме со д-р Катерина Бошевска, генерален директор на ЕОС Матрих.
Што значи за вас усогласеност, добро управување, одржливост и одговорност?
Усогласеноста ни помага да постапуваме по правила, да ги почитуваме правилата и да се придржуваме кон принципи кои значат грижа за нашите одговорности, градење силни работни заедници, создавање квалитет и додадена вредност за нашите партнери и заедницата. Но, реалноста е дека светот и не така црно-бел и дека е тенка линијата околу постигнување усогласеност во апсолутна смисла. Доброто управување подразбира исполнување на правилата, политиките и процедурите истовремено помагајќи на организациите да ги исполнат своите деловни цели. Тоа ја дефинира корпоративната одговорност на компаниите во општественото деловно опкружување во кое дејствуваат.
EOS Матрих со години развива 4 области на корпоративна одговорност, нашите мерливи акции, нашите материјални теми (од рамката ESG) и нашиот избор од одржливите развојни цели на ОН кон кои се обврзавме дека ќе се придржуваме.
- Одговорна наплата
- Финансиска одржливост
- Заеднички напредок
- Заштита на животна средина
Сакам да нагласам дека одговорно пристапуваме кон менување на животите на нашите сограѓани кои се презадолжени поради посветла иднина. EOS се залага за правично раздолжување и достоинствен однос кон потрошувачите, достоинствен контакт, лесно разбирлив јазик, чувство за одговорност и тактичност. Во таа насока во 2025 година ќе ја лансираме нашата дигитална платформа за нашите корисници но и за сите други заинтересирани страни, а која ќе понуди увид во состојбата, можности за дигитални плаќања како и едукативни содржини. Сето тоа, достапно во секое време, по потреба и видување на нашите корисници, без непожелни контактирања и комуникација преку телефон.
Посебно се фокусираме на заштитата на приватноста и безбедноста на податоците и на силни партнерства. Го имплементиравме стандардот ИСО 27701 уште од 2022 година, а кој само ја потврди нашата определба за заштита на информациите поставена уште од 2016 година со воведување на стандардот ИСО 27001. Она што е од особено значење за нашиот пазар е што силно се залагаме за негова имплементација и од страна на нашите партнери.
Вложуваме во нашите вработени со посебни програми за обука, а за 2025 планираме дополнителни образовни иницијативи со кои ќе се обидеме да го направиме финансиското знаење достапно за секого (Societal Impact through Financial Literacy); Тука е и нашата платформа „Зборуваме за финансиите со ЕОS“. Која во 2025 ќе добие нов формат што ќе овозможи да адресираме значајни предизвици од повеќе области во финансиите и нивните придружни дејности.
Финално, ја спроведуваме стратегијата за заштита на животната средина на Групацијата Otto. Собираме податоци за емисиите на стаклените гасови. Заедно работиме како да ја подобриме климата кон подобро со имплементација на мерки кои имаат за цел намалување на апсолутните емисии на стаклените гасови за 42 проценти до крајот на фискалната 2031/32 година во споредба со фискалната 2021/22 година. Активно работиме да го намалиме нашиот еколошки отпечаток.
Важите за компанија во која се нудат еднакви можности, како се постигнува тоа?
Во EOS, родовата еднаквост и различноста се реалност. Во EOS, жените ја одредуваат судбината на компанијата. На пример кај нас, во Македонија, компанијата е цврсто под женска контрола: 75% проценти од работната сила се жени, со 83% на раководно ниво. Комуникацијата, преговарањето, е главната клучна алатка за успешно извршување на нашиот бизнис модел. Жените имаат малку подобри вештини за услуги на клиентите, жените генерално се подобри во справувањето со луѓе. Ова се факти, но ова се уште една конкурентна предност на нашата работна средина во која доминираат жени.
Сепак, на жените им е потребно охрабрување да истапат и преземат управувачка улога. Иако, навидум, тоа кај нас изгледа како да е беспредметно, сепак на средните нивоа на менаџмент овој потег е најтежок. Затоа со особено задоволство и гордост ја истакнувам нашата локална активност во делот на поддршка на женското претприемништво и поголема родова еднаквост во лидерството преку моето назначување за локален амбасадор на една организација како што е Жените на управувачки позиции во Адриа регионот WOBA – (Women On Board Adria). Нашата задача како промотори и амбасадори на едно вакво движење за жените е да разговараме и да поддржиме, воедно да укажуваме и да бараме. Заедно да создаваме систем каде што и мажите ќе ја знаат и разбираат важноста на жените во бизнисот на водечките позиции.
Колку сте како компанија отворени за современите технолошки решенија ?
Вредно е да се спомене ogGPT, корпоративна алатка на нашата мајка група ОТТО, развиена како алтернатива на OpenAI’s ChatGPT, која е посигурна и безбедна за податоците на компанијата. Дизајнирана е да ни овозможи најдобро да го искористиме потенцијалот на генеративната вештачка интелигенција и да ги користиме јазичните модели на OpenAI на начин усогласен со приватноста. Нашата политика за приватност и важечкиот закон за заштита на податоците не дозволуваат ChatGPT да се користи во корпоративен контекст за лични, доверливи и внатрешни податоци, од причина што OpenAI ги обработува податоците од користењето на корисничката варијанта на ChatGPT за свои цели и ги обработува во САД. Поради оваа причина, Otto Group го разви „ogGPT“ со помош на „Azure OpenAI Services“ на Microsoft. „Azure OpenAI Services“ создаваат поголема слобода во однос на информациите што може да се користат за влезни команди, така што може да се дозволи и поставување на внатрешни документи на компанијата. Услугата Microsoft Azure OpenAI се обезбедува исклучиво во центрите за податоци во ЕУ, Мајкрософт не ги користи податоците за свои цели (на пр. обука на вештачката интелигенција) и ги склучивме потребните договорни прописи што се бараат со законот за заштита на податоците при што, ниту еден податок не се пренесува на OpenAI.
Друго нешто на кое би сакала да се осврнам, а кое природно доаѓа со дигитализацијата е безбедноста на податоците. Веб порталите и користењето облак за податоците стануваат сè поважни, но во исто време ја зголемуваат достапноста за напад. Нашата цел е да бидеме во чекор со овие случувања и да обезбедиме одржување на соодветно ниво на заштита. Важноста на ова прашање е многу високо поставена во EOS поради нашиот бизнис модел кој функционира само поради тоа што клиентите и корисниците-граѓаните во задолжување ни ја даваат својата доверба доверувајќи ни ги личните податоци. Остануваме силно посветени да не ја изневериме таа доверба. Според рејтингот за ИТ безбедност на Bitsight, кој е добро познат по својата анализа на ризикот и безбедносните оценки, во поглед на сајбер-безбедноста EOS има оценка од 710 поени од максимални 800 поени (опсегот е 300-800 поени).