Прашања за вештачката интелигенција на кое кандидатите за работа треба да имаат одговор

Сè повеќе корпоративни лидери упатуваат порака дека вработените мора да ја оправдаат својата улога во светот на вештачката интелигенција и да објаснат како можат да ја користат AI-технологијата за да бидат покорисни и поефикасни.

vestacka-inteligencija-5155-fi

Извор: Freepik

„Во многу улоги, основното прашање повеќе нема да биде: ‘Дали човекот може да ја изврши оваа работа?’, туку: ‘Дали може да ја изврши на начин кој носи уникатна вредност?’“, вели Даниела Рус, директорка на Лабораторијата за компјутерство и вештачка интелигенција (CSAIL) на MIT. Доколку сè уште не постои јасен одговор на прашањето како вештачката интелигенција влијае на добивките и загубите на пазарот на трудот, постои барем едно AI-прашање на кое кандидатите за работа, како и вработените кои сакаат да ја задржат својата позиција, во 2026 година мора јасно да знаат одговор.

„Во многу улоги, почетната точка повеќе нема да биде ‘Дали човекот може да ја изврши работата?’, туку ‘Дали може да ја изврши на начин кој носи уникатна вредност, над она што AI може самостојно, но и над она што луѓето можат сами?’“, додава Рус.

AI доведува до успорување на вработувањето

Развивањето на односот помеѓу AI-технологијата и човечкиот труд станува клучно прашање на пазарот на трудот, а користа од оваа технологија почнува да се гледа и во податоците за продуктивност. Претседателот на Федералните резерви во Миннеаполис, Нил Кашкари, изјавил дека вештачката интелигенција доведува до успорување на вработувањето во големите компании и дека многу фирми забележуваат „реални добивки во продуктивноста“.  Кашкари за CNBC-евата емисија Squawk Box рекол дека ефектите засега најмногу се чувствуваат во големите компании и дека очекува продолжување на ниското ниво на вработување, но и на нискиот број на откази. Сепак, додал: „Преголем е бројот на примери на компании кои ја користат оваа технологија и навистина гледаат конкретни добивки во продуктивноста. Компаниите со кои разговарав, а кои пред две години беа скептични, сега велат: ‘Не, ние ова навистина го користиме.’“

„Не би рекла дека вработуваме помалку луѓе“, рекла извршната директорка на AMD, Лиса Су, за CNBC-евиот Џон Форт од саемот CES во Лас Вегас. „Искрено, како компанија растеме силно, па вработуваме многу луѓе, но вработуваме различни профили. Бараме луѓе кои размислуваат во насока на AI.“

Минатата година, извршните директори на компаниите Shopify, Accenture и Fiverr беа меѓу оние кои спроведуваа откази, но истовремено ги повикуваа вработените да ги подобрат своите вештини или да се соочат со ризикот дека ќе станат помалку релевантни на пазарот на трудот. Начинот на кој компаниите зборуваат за оваа транзиција често останува нејасен. На пример, идејата дека AI ја презема репетитивната или компјутерски сложената работа за да се овозможи луѓето да се фокусираат на задачи од повисок ред, кои бараат расудување, емпатија, креативност и разбирање на контекстот. Ваквата визија на работа во која AI го подобрува човечкиот придонес, додека останува во позадина, претставува „премин од замена кон надградба“, смета Рус.

Скептицизам меѓу вработените

„Овие транзиции се поврзани со ефикасност, но и со доверба и транспарентност: работниците мора да веруваат дека компаниите не користат AI само како изговор за намалување на трошоци“, вели Рус. Таа додава дека постои ризик, наместо да ги засили уникатните човечки вештини, преминот кон AI всушност да доведе до нивно слабеење.

Кајфман признава дека дури и целосната транспарентност на раководството не може целосно да ја отстрани анксиозноста кај вработените.

„Учејќи да го користат AI, луѓето можат да имаат чувство дека ги обучуваат алатките што ќе ги заменат“, вели тој. „Но јас гледам нешто сосема поинаку. Луѓето кои учат како да го насочуваат AI, да ги толкуваат и подобруваат неговите резултати, не ги обучуваат своите замени, тие стануваат архитекти на следната генерација на работа.“ Истражувачите предупредуваат дека е прерано да се донесат конечни заклучоци, но потсетуваат на историски паралели, како воведувањето на компјутерите во канцелариите, кои покажуваат дека „широко распространетите технолошки нарушувања на работното место обично траат децении, а не месеци или години“.

„Дури и ако новите AI-технологии со текот на времето имаат еднаков или дури посилен ефект врз пазарот на трудот, разумно е да се очекува дека тие ефекти ќе се манифестираат побавно“, се наведува во извештајот на Јејл. Студијата на McKinsey проценува дека AI „теоретски“ би можел да ја автоматизира повеќето од работните часови во САД, но нагласува дека тоа не мора задолжително да значи губење работни места. „Некои улоги ќе се намалат, други ќе се прошируваат или менуваат, додека ќе се појават и нови, а работата сè повеќе ќе се заснова на соработка помеѓу луѓето и интелигентните машини“, наведуваат авторите.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.