Од Samsung со љубов до сите гејмери!

Гејминот или играњето игри не е само интересен начин да го поминете слободното време или пак да се задоволи потребата за натпревар и амбицијата за победа. Тоа, не само што е многу повеќе од игра, туку е и рефлексија на одреден начин на живот, кој во повеќето случаеви трае цел живот, можеби само ја менува формата на израз. Затоа, сите гејмери се помалку или повеќе „луди“ по најновите „тек-играчки“ кои ќе им го овозможат гејминг искуството од нивните соништа. Токму за нив, а и за остнатите љубители на иновативните технологии, Samsung редовно лансира различни уреди кои, покрај другото, ги исполнуваат највисоките стандарди за имерсивно гејминг искуство.

samsung-2008-fi

Извор: Samsung

Од најновата генерација телефони на преклоп, Galaxy Z Fold6 е поголемиот, чиј екран кога е отворен е џекпот за сите кои сакаат игрите да ги носат со себе, во својот џеб и од било каде да ја продолжат својата гејмерска авантура. Самата површина на екранот од 7,6 инчи (19,3 cm) му дава ненадминлива предност на Galaxy Z Fold6 за подобрено играње на игри, во однос на другите телефони со стандардна големи, па дури и на ултра моделите. Перформансите се на ниво на најдобрите телефони на пазарот, сепак имајќи мала предност поради специјалниот Snapdragon 8 Gen 3 чип за Galaxy во комбинација со повеќе од доволен RAM кои овозможуваат речиси секоја игра беспрекорно да се игра. Ако на пример испробате на Galaxy Z Fold6 некоја од поновите игри како Genshin Impact, Honkai: Star Rail, Wuthering Waves или др., всушност ќе осознаете до кое ниво на совршеност е стигнат светот во играње игри на телефон.  Неговиот AMOLED екран, ќе ви овозможи да се восхитувате на неверојатни анимации и генерално ќе уживате во неверојатни бои. Дејството е секогаш јасно, бидејќи освежувањето на екранот од 120 Hz е стандардно кај таквите телефони веќе некое време. Благодарение на перформансите на чипот Snapdragon, можете да играте која било игра со највисока резолуција, понекогаш и до 120 фрејмови во секунда. Друга важна карактеристика е употребата на технологија за следење зраци (ray tracing), на пример во игрите Diablo Immortal и PUBG Mobile, технологијa, која до неодамна беше достапна само на компјутерите и конзолите, а сега е достапна и на телефоните како Galaxy Z Fold6 со чипот Snapdragon 8 Gen 3 за Galaxy.

samsung-2008-ps1

Извор: Samsung

Без разлика каде и да се наоѓате, на планина или на плажа, сончевата светлина никогаш нема да му пречи на екранот на Galaxy Z Fold6 бидејќи има одлична осветленост (2600 нити), и тоа на обата екрана. Дали сте загрижени за издржливоста? Samsung секоја година ја подобрува издржливоста на алуминиумската рамка и преклопната шарка, па така, оваа година дополнително ја додели водоотпорноста на рејтингот IP48. А штом завршите со игрите, сè уште имате премиум телефон за работа, фотографирање, прелистување на интернет, гледање филмови/серии и сè друго што сакате да го правите на вашиот телефон.

Она што е подеднакво важно дека вашите игри од мобилниот телефон со помош на функцијата Samsung DeX многу едноставно можете да ги префрлите на поголем монитор и да ја продожите играта на Samsung Odyssey монитор, или пак на вашиот телевизор.

samsung-2008-ps2

Извор: Samsung

Со Samsung Odyssey мониторите добивате уред кој од бренд кој е глобално прогласен како број 1 гејминг монитор во светот. Со перформанси со кои се освојуваат победи, овие монитори нудат загарантирана интегрирана забава со брзина на освежување до 240 Hz и време на реакција помало од 0,03 ms (GtG). Приказот на акцијата во играта која ја играте е поддржан од технологијата Quantum Matrix со Quantum Mini Led, Samsung OLED со процесор Neo Quantum Pro и висока резолуција до Dual UHD. Odyssey мониторите на Samsung ја отпочнаа новата ера во гејмингот и претставуваат своевидна наука која ги предводи достигнувањата во гејминг индустријата.

samsung-2008-ps3

Извор: Samsung

Но, постои и уште една можност вашата игра од мобилниот Galaxy телефон да ја префрлите на поголем екран, повторно со Samsung DeX функцијата. Со еден клик и безжично или кабловско поврзување, акцијата можете да ја играте на новиот маестрален телевизор S95D OLED 4K Tizen OS Smart TV, кој платформата Top Pick го нарече „исклучителен екран за играње игри“, а од Newsweek за него рекоа дека е дел од епскиот гејминг setup. На неговиот голем фантастичен екран ќе ја почувствувате неверојатната моќ на вештачката интелигенција во благодарение на процесорот 4K NQ4 AI Gen2 и технологијата на скалирање која ги оптимизира сликата и звукот во искуство со 4К резолуција додека играте. Функцијата Motion Xcelator 144 Hz ќе ви обезбеди ултра-непречена акција при играњето, без доцнење на сликата или заматување при движењата, со москавични брзини за VRR игрите, додека функцијата FreeSync Premium Pro ќе се погрижи за вистинското HDR геминг искуство со ниска латентност. Овој телевизор со помош на ВИ ќе го препознае типот на играта која ја играте и самиот ќе ги постави сетинзите кои се потребни – ваше е само да уживате во играта!

samsung-2008-ps4

Извор: Samsung

Но за да уживањето биде ултимативно и целосно, потребен е најдобриот можен начин за аудио искуството – секој гејмер многу добро го знае ова. Да, звучниците на телефонот или телевизорот ќе го пренесат звукот, но опцијата со слушалките Samsung Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro се вистинското решение кои ќе ви овозможат да ги слушнете сите нијанси во игрите, од стапките на вашите противници во Call of Duty: Mobile, до злобното дишење на вонземјаните во Alien: Isolation. И самите знате дека играњето игри често пати се претвора во повеќечасовна активност на уживање, па затоа е важно ќе слушалките цело време да бидат удобни и долготрајни, за што Galaxy Buds3 нудат 30 часа играње, без да треба да размислувате за полнење после секоја акција.

После часови гејмање, потребна ви е физичка активност!

samsung-2008-ps5

Извор: Samsung

Но, она за што треба да размислувате е вашето физичко размрдување, после часови поминати во акција на екран. И за тоа Samsung има најдобро решение: новите паметни часовници Galaxy Watch Ultra и серијата  Galaxy Watch7 можат да бидат вашите нови верни асистенти, кои ќе ви помогнат редовно да извршувате физички активности во облик на фитнес, стандардни, рекреативни или интензивни тренинзи, а функциите со вештачка интелигенција ќе ви дадат увид во вашето психо-физичко здравје. Galaxy Watch Ultra, тој е дизајниран за перформанси од следното ниво кои не се само нешто кон што се стремите во спортот. Тоа е начин на размислување што ве тера да го дадете најдоброто од себе во секој аспект од вашиот живот. Ако на пример го поврзете вашиот телефон Galaxy Z Fold6 со Galaxy Watch Ultra, на неговиот екран секој пат ќе имате детален и прегледен увид за да ја пронајдете рамнотежата во вашите секојдневни навики – од доволно спиење и уживање во оброкот кој ве мами, до детално следење на повеќе од 100 вежби и градење рутини со комбинирање на различни вежби, за да ги постигнете вашите цели. Дополнително, при возење велосипед Galaxy Watch Ultra прецизно ќе ја мери максималната моќност на оваа активност за само четири минути користејќи FTP метрика засилена со вештачка интелигенција и ќе можете да го откриете својот уникатен потенцијал. Galaxy Watch Ultra можете исто така да го прилагодите интензитетот на вежбањето, врз основа на сопствените физички можности. 

samsung-2008-ps6

Извор: Samsung

Samsung е во целост посветен да им ги понуди на своите корисници најдобрите можни уреди за искуства со гејминот и гледањето, но, истовремено постојано се грижи и за општата благосостојба на корисниците, мислејќи на нивното физичко здравје.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.