Лето, патувања и финансиска слобода: зошто “купи сега, плати подоцна” е хит

Buy Now, Pay Later (или скратено BNPL) е новото „мамурлакот ќе го почувствуваш утре“. Само што овде, не е мамурлак туку плаќање. Купуваш денес, патуваш утре, плаќаш… на есен.

finansii-3824-fi

Извор: Webmind редакција

Што ако ти кажеме дека постои начин да ги купиш авионските билети за долго посакуваниот одмор во Шпанија, да си го резервираш апартманот, да ги земеш новите патики и костимот за капење без притоа да ти „пукне“ картичката?

Постојат паметни опции , а концептот „Buy Now, Pay Later“ (BNPL) веќе го освојува светот и конечно станува актуелен и кај нас.

Што е BNPL?

Моделот „Купи сега, плати подоцна“ овозможува плаќање на рати без камата или со одложен рок, обично до 30 или 40 дена. Првично популаризиран од платформи како Klarna, Afterpay и Affirm, BNPL денес е присутен во сè  од онлајн шопинг до букинг на патувања и технолошки уреди.

И според истражувањата, Gen Z е главниот амбасадор на овој тренд. Во 2024 година, 46% од младите на возраст од 18 до 27 години ја користеле оваа услуга барем еднаш. Повеќето за облека, патувања, технологија  или пак спонтани билети за фестивали.

Одмори, резервации и „fear of missing out“

Сценарио: гледаш дека има евтини билети за Сицилија. Промоција важи уште 12 часа. Сметката ти е празна. Ама  имаш BNPL. Го земаш билетот, а плаќањето го одложуваш за кога ќе легне платата. И се чувствуваш како победник. Ова веќе не е фантазија.

Јасно е: Ова е револуција на паричникот.

А каде е Македонија во оваа револуција?

Ако гледаш WizzAir понуда до Санторини пробај со BNPL. Или на Booking: најди убав хотел, резервирај и плаќај подоцна. Klarna и TAP веќе го прават ова глобално . Но… секогаш може подобро – Diners Club Macedoina го носи летото дома.

Не дозволувај ова лето да помине во стилот: “ќе одам другата година”. Живееме во време кога финансиската флексибилност е вистинска супермоќ. BNPL е тука. Одморите се тука.
Прашањето е – ќе букираш или ќе букира некој друг?

Ама… пари се, не се шега

BNPL може да ти го олесни летото. Но треба да се користи со план. Истражување на LendingTree покажува дека 41% од корисниците барем еднаш задоцниле со отплата. А 24% купиле нешто што инаку не би го купиле – само затоа што можеле да платат подоцна. И пред да сфатиш, си направил финансиски Escape Room без излез.

Затоа, прашај се: дали ова купување ме носи поблиску до слобода, или до долгови?

Значи, да – користи го, ама паметно и одговорно.

Практични совети за паметно користење

  1. Планирај јасно – напиши кога ќе плаќаш.
  2. Купувај само она што навистина ти треба.
  3. Следи ги датумите на плаќање.
  4. Држи едно BNPL за лето, останатите чувај ги затворени.

И запомни: некогаш „плати подоцна“ значи „живеј сега“. А кога си информиран – изборот е твој.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.