Black Friday, Cyber Monday, специјални понуди, flash sales, сè изгледа примамливо. Но, вистинскиот мајстор на купување не е оној што купува најмногу, туку оној што купува паметно.
Не се фрлај импулсивно, туку планирај!
Пред да почнеш да кликаш „додај во кошничка“, застани. Направи листа. Што навистина ти треба? Дали ти треба нова јакна или едноставно ја сакаш бидејќи е 40% поевтина?
Совет: Напиши 3 категории:
- Мора да го имам (пр. подарок за мама)
- Добро е да го имам (пр. слушалки за вежбање)
- Може да почека (пр. нови патики, ако старите се уште добри)
Купувај однапред, штеди повеќе
Подароци за Нова година? Почни уште сега! Цените во декември летаат, а изборот е помал. Ако ги искористиш ноемвриските попусти, ќе си заблагодариш самиот на себе во последната недела од декември, без гужви, без паника и со повеќе пари на картичката. Плус со Diners Club картичката имаш опција да плаќаш на рати и на рати без камата и со тоа уште повеќе да си олесниш. Разгледај го и тековниот календар со промоции и види каде е најпаметно да се купува периодов.
Паметен начин на плаќање
Користењето кредитна картичка не значи дека трошиме повеќе, напротив, ако знаеш да ја користиш правилно, може да ти биде сојузник за попусти, награди и подобар финансиски преглед.
Со Diners Club картичките, освен што можеш да ги распределиш трошоците на рати, добиваш и пристап до ексклузивни попусти, програми за лојалност и дополнителна сигурност при онлајн купување.
Следи, спореди, штеди
Користи алатки и апликации за следење на трошоците. Со MyDiners апликацијата имаш јасен увид колку си потрошил, каде си потрошил, а на самата фактура јасно ти стои која рата е следна за плаќање.
Не заборавај: попуст ≠ потреба
Само затоа што нешто е 70% поевтино, не значи дека ти треба. Научи да кажеш „не“, дури и кога сите околу тебе кажуваат „ајде, вреди!“
Финално мудрување:
Black Friday не е лов на попусти. Тоа е твојот тест за финансиска писменост. А паметниот потрошувач размислува однапред, троши со план и секогаш има трик во ракавот, Diners Club картичката.
Извор: Webmind редакција