Крај на ерата на јагленот во Финска

Финската енергетска компанија Helen ја затвори последната активна термоелектрана на јаглен во земјата, со што официјално започна „крајот на ерата на јагленот“ за оваа нордиска земја.

finska-3292-fi

Извор: Pixabay

Електраната Salmisari произведуваше топлинска и електрична енергија за Хелсинки, а со нејзиното затворање ќе се намалат емисиите на стакленички гасови и ќе се запре растот на цените на електричната енергија.

Се проценува дека годишните емисии на јаглерод диоксид од електраната ќе се намалат за 50% во споредба со 2024 година, додека вкупните емисии во главниот град на Финска ќе паднат за 30%, се наведува во соопштението на енергетската компанија.

Нарекувајќи го овој потег „крај на ерата на јагленот“ и чекор кон почиста, самодоволна и подостапна енергија, компанијата посочи дека затворањето на електраната ќе значи и намалување на вкупните емисии на Финска за речиси 2% во однос на минатата година.

Сепак, компанијата ќе продолжи да чува резерви на јаглен во магацини и ќе ги користи „доколку биде неопходно“.

Финска во 2019 година донесе одлука за забрана на користење јаглен за производство на енергија, со важност од 1 мај 2029 година.

Од 2020 година наваму, капацитетот на енергија од ветер во земјата е повеќе од двојно зголемен, а денес една четвртина од електричната енергија се произведува токму од ветерници.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.