Во свет каде што купови пластика се присутни на секој чекор – на санитарни и диви депонии, по градовите и шумите, па и како пловат по океани во форма на „големиот пацифички тепих“ од отпад – вакво пластично флаша изгледа како амбициозна, идеалистичка замисла на еден утопист.
Меѓутоа, ваква пластика е чекор поблиску до реалноста. А клучот за нејзиното забрзано распаѓање лежи во тоа што содржи „семе за сопствено уништување“, пренесува Science Alert.
Научниците веќе знаат дека одредени бактерии јадат пластичен отпад, спречувајќи го да опстане во животната средина. Истражувачите од Кинеската академија на науки ги искористиле спорите на тие бактерии, вградувајќи ги во цврста пластика која останува незафатена додека спорите не се разбудат.
Што се спори?
Спори се всушност заспан облик на некои видови бактерии до чијашто формација доаѓа во недостаток на хранливи материи или поради други неподобни околности. Тие се многу отпорни и можат да преживеат бројни предизвици: од високи температури до антибиотици и други штетни хемикалии.
Во ваква неактивна состојба, бактериите можат да останат со години, па дури и векови, а повторното активирање се случува кога повторно се воспоставуваат поволни услови во животната средина. Во својот експеримент, научниците од Кина користеле бактерија Bacillus subtilis, која била модификувана така што испушта ензим за разградба на пластика познат како липаза BC. Тие ја изложиле на стрес, односно на јони од тешки метали, по што микроорганизмите формирале спори.
Добиените спори потоа биле помешани со топчиња од биорастворлива PCL (поликапролактон) пластика. Смесата на крајот била стопена и оформена за да се добијат парчиња цврст материјал. Во тестовите, за време на секојдневната употреба, оваа „жива пластика“ се покажала како обичен PCL.
Но, кога нејзината површина ќе дојде во контакт со одреден ензим, спорите затворени внатре оживуваат и започнуваат да испуштаат липазу BC, деградирајќи ја пластиката за само шест до седум дена.
Оживувањето на спорите се случува и при компостирање. Примероците на материјалот ставени во земја би се разградиле за помеѓу 25 и 30 дена. Ова е побрзо во однос на други типови на биорастворлива пластика, каде овој процес може да трае дури и двојно подолго.
Иако студијата објавена во научниот журнал Nature Chemical Biology само го докажала концептот, пластиката со бактерии може да биде едно од интересните решенија за растечкото загадување. Производството на пластика во последните децении брзо расте, а останува непознато колку штета нанесува на нашата животна средина, при што нејзините влијанија на здравјето, пред сè во форма на микропластика, остануваат слабо истражени.
Тимот од Кинеската академија на науки се надева дека со својот труд ќе инспирира пронаоѓање одржливи, биорастворливи материјали кои нема да ја загадуваат планетата со векови по само една употреба, пренесува Science Alert.
Извор: odrzime.rs