Меѓу компаниите на кои влијае оваа одлука се големите брендови како H&M, Inditex (сопственик на Zara), Asics и VF Corporation. ASN истакна дека овие брендови не постигнале доволен напредок во однос на целите за одржливост, и покрај тоа што се соочуваат со конкуренција од Кина и други земји со пониски еколошки стандарди.
Одлуката на ASN доаѓа како резултат на заострените политики за одржливост, кои веќе не поддржуваат инвестиции во брендови на брза мода што не ги исполнуваат критериумите за циркуларна економија и одговорно производство.
Иако имаше некои подобрувања во условите за работа, ASN нагласи дека другите цели, како што е намалувањето на влијанието врз животната средина, останале неостварени.
Трендовите укажуваат на потребата од поголем фокус на одржливоста во модната индустрија, но и на фактот дека многу брендови сè уште не се целосно усогласени со новите ESG (еколошки, социјални и управувачки) стандарди. Регулаторните тела во Европа и ширум светот воведуваат построги барања за известување за ESG стандардите. Европската унија, на пример, воведува нови директиви што ги обврзуваат компаниите на транспарентно известување за одржливоста, вклучувајќи го намалувањето на јаглеродниот отпечаток и одговорното користење на ресурсите.
Брендовите сè повеќе инвестираат во одржливи материјали, како органски влакна и биотехнолошки произведени материјали, за да го намалат своето влијание врз животната средина. Сепак, останува предизвикот да се префрлат од традиционалните материјали, како што се памукот и полиестерот, кои имаат висок еколошки отпечаток, на поеколошки прифатливи опции.
Извор: Оdrzime.rs