Од еколошката одржливост до иницијативите за поткренување на свеста за определено социјално прашање, CSR кампањите се моќно средство за бизнисите да ја покажат својата посветеност на заедницата, да ги демонстираат своите вредности и целите кои ја надминуваат трката по профит.
Корпоративната општествена одговорност изминативе години е задолжителен пилар кога станува збор за креирање на комуникациска стратегија. Без разлика дали клиентот е голема корпорација, невладина организација или јавна установа, успехот и крајниот резултат се суштински поврзани со благосостојбата на заедниците на кои им служат.
Со малку пристрасност направивме листа на најдобри CSR кампањи на Балканот, ама сигурни сме ќе признаете дека се врв.
- „Уметност без граници“ – Тргнувајќи од идејата „подобро општество за сите“, агенцијата за интегрирани комуникации Represent Communications Скопје во мај 2022 година го создадоа проектот „Уметност без граници.“ Проектот беше реализиран како дел од прославата на 5 годишнината од основањето на Represent во Скопје.
Го прославивме нашиот мал јубилеј со организирање на културно-уметнички настан наменет за членовите на Сојузот на глуви и наглуви луѓе со што јасно ја покажавме нашата визија и одговорност кон создавање инклузивност во општеството за сите лица со попречености.
Велат од агенцијата.
Извор: Represent Communications Macedonia
Нивната идеја со задоволство ја реализираа актерите од МНТ и „Не се клади на Енглези“ стана првата претстава прилагодена адаптирана на знаковен јазик и прилагодена за глуви и наглуви лица. Вечер за паметење, алтруистички чин, каков што во нашето општество е повеќе од потребно да стане вообичаена практика. Настанот пренесе јасна порака: Уметност за сите, уметност без граници! Дефинитивно роденденска забава што долго ќе с епрераскажува, впрочем има ли поубав начин да прославиш јубилеј од правејќи некого среќен?
- „Ne pecaj se“ – Кампањата „Ne pecaj se“ годинава на церемонијата на доделување на преситижните награди UEPS ги освои Златната награда за директен маркетинг и Сребрената награда за ПР кампањата во категоријата Brand PR. Зад оваа неверојатно креативна и пред се едукативна кампања стои Represent Communications од Србија, а клиентот е Адико Банка .
Извор: Represent Communications Serbia
Кампањата, која ќе продолжи да се спроведува и оваа година, беше започната во 2023тата со цел да се едуцира за фишинг и разни видови интернет измами. Наместо конвенционалното едуцирање за интернет измами, Represent избраа поинаков пристап – им овозможија на луѓето сами да ги доживеат на своја кожа. Билбордите, банерите и интерактивните реклами беа дел од нивната замка, а целта беше да покажат колку лесно секој од нас може да стане жртва на фишинг. Кампања на која се „упецаа“ сите оние кои велат“не кликам јас на глупости“.
- „Provjeri loptice“ е интегрирана кампања која Represent Communications БиХ ја спроведоа во соработка со Здружението на пациенти со рак на проста на Федерацијата Босна и Херцеговина (УОРП). Тргнувајќи од фактот дека ракот на тестисите, иако многу поредок од другите видови на уролошки карциноми ги погодува мажите на возраст под 35 години и април како месец посветен на подигање на свеста за оваа болест, креативниот тим на Represent Communications БиХ ја креираа оваа едукативна кампања давајќи посебен фокус на едукација за симптомите и техниките на самопреглед. Несомнено хуморот и неконвенционалното креативно решение секогаш се полн погодок кога треба да се покрене инцијатива за горлив проблем.
Извор: Represent Communications BiH
- „Ne boli ali moze da razori“ e кампања по повод Светскиот ден на дијабетесот во Црна Гора со креативниот потпис на Represent Communications Црна Гора. Целта на компанијата Novo Nordisk е да се подигне свеста за важноста на контролата на дијабетесот, потребата од менаџирање на состојбата и дестигматизација на дијабетесот во црногорското општество.
Извор: Represent Communications Crna Gora
Што направи креативниот тим на Represent и како оваа кампања стана вирална?
Ја користат бубамарата како симбол за надеж и околу неа градат силен визуелен приказ со јасна порака која точно ја таргетира целната, но и пошироката публика. 19 инфлуенсери со вкупно 45 објави се вклучуваат во кампањата без надмест затоа што ја препознаваат вредноста на пораките за општеството. Замислете кампањата станува толку вирална што дури и познатиот пејач Сергеј Четкович се приклучува како дел од истата!
- „Крв = Живот“ – Оваа кампања е создадена во соработка со агенција Go2Digital и Хрватскиот институт за трансфузиона медицина, и истата доби награда на престижниот фестивал SoMo Borac во категоријата Digital OOH! На почетокот на годината, тимот на EY CX & Digital им се придружи на Go2Digital и на Хрватскиот институт за трансфузиона медицина во потрага по суперхерои и развија апликација која му овозможува на Институтот да активира повици за доброволно дарување крв во реално време на екраните на градот Go2Digital низ Хрватска. , охрабрувајќи ги луѓето да ја покажат својата супермоќ и да даруваат крв.
Агенциите за интегрирани комуникации несомнено се махери за креирање на уникатно креативно решение кога станува збор за CSR кампањите. Кога се работи од срце успехот е неизбежен.