Но, договорот што го постигнаа е многу помалку амбициозен од првично предложениот, пренесува Politico.
Новото законодавство има за цел да се справи со неверојатното зголемување на амбалажниот отпад во ЕУ, каде во 2021 година се собрале просечно 188,7 килограми отпад по лице – тоа е 10,8 килограми повеќе по лице отколку во 2020 година, што е најголем пораст во последните 10 години.
Ова е очигледно историски договор.
Рече Фредерик Рис, која ја предводи работата по ова прашање во Европскиот парламент.
„Бараме од сите индустриски сектори, како и од членовите, да вложат напор, но сакаме и потрошувачот да има улога во оваа борба против прекумерниот отпад од амбалажа.“
Како дел од овој напор, ќе мора да постои можност целата амбалажа на пазарот на ЕУ да се рециклира до 2030 година. Рестораните кои нудат храна и пијалаци за носење, исто така, ќе треба да им дозволат на клиентите да си носат свои садови. ЕУ ќе ја забрани и употребата на „многу лесни“ пластични кеси.
Иако пратениците го поздравија договорот, тој е далеку поразличен од првичниот предлог на Европската комисија, кој бараше широки забрани и имаше за цел некои сектори да се оддалечат од амбалажата за еднократна употреба. На пример, на почетокот идејата беше да се забрани секаква амбалажа за еднократна употреба што се користи во рестораните за непосредна консумација, не само пластичната.
Првичниот текст на Комисијата поттикна една година лобирање, при што секторите кои беа погодени од новите правила – вклучувајќи ги пиварите, винариите, компаниите за газирани пијалаци, синџирите за брза храна, компаниите за козметика, за рециклирање, хотелиерите и производителите на хартија – веднаш се обидоа да влијаат на законодавците кои работат на текстот на законот и да ја заштитат нивната индустрија.
Сепак, неколку индустриски групи го добија она што го сакаа, при што текстот беше прилагоден по тешките преговори помеѓу повнимателениот Парламент и поамбициозниот Совет.
Индустријата за хартиена амбалажа, која претходно беше цел на широки забрани за различни видови пакувања за еднократна употреба, сега ги избегна тие одредби, кои наместо тоа, целосно се фокусираат на пластичната амбалажа. Тие забрани ќе важат до 2030 година.