Најголемиот технички тим во регионот
Партнерството го создава најголемиот технички тим фокусиран на non-EVM blockchain решенија во регионот на Централна и Источна Европа, комбинирајќи длабока експертиза од различни водечки Web3 екосистеми. Оваа соработка го позиционира обединетиот тим како конкурентен играч на глобалниот пазар, истовремено одржувајќи го високиот стандард на квалитет по кој двете компании се препознаени.
„Ова партнерство не означува само скалирање на нашите операции, туку воспоставување на доминантна база на знаење во Web3 просторот“, изјави Сали Меуш-Грави, извршна директорка на 4 Point O Labs. „Додека сегашните услови на пазарот ја олеснуваат аквизицијата на програмери, ние сепак заземаме поинаков пристап во споредба со типичното скалирање што го гледаме во другите региони, особено во Азија. Нашите постоечки и таргет- клиенти се врвни протоколи и проекти за кои е потребна специјализирана експертиза за развој на блокчејн, DeFi, cross-chain решенија и интеграција со вештачка интелигенција – вештини кои се стекнуваат со годините. Со здружување на силите, ние се позиционираме како сериозен глобален играч“.
Исклучителна тимска компатибилност
Филип Јовановиќ, извршниот директор на Ceres Blockchain Solutions, ги потврди овие тврдења: „По неколку месеци заедничка работа и тестирање на различни оперативни модели, ја откривме исклучителната компатибилност на нашите тимови. Ја делиме истата визија, култура и амбициозен пристап. Заедно со Сали, донесуваме уникатна комбинација на техничка експертиза, деловна острина, развој на производи и доза на лудост. Уверени сме во нашата способност да се натпреваруваме со поголеми тимови од Азија и Америка, создавајќи можности кои ќе му користат на целиот регионален Web3 екосистем“.
Заедно истакнаа дека ова партнерство го гледаат како почеток на регионален тренд. „Треба да престанеме да трошиме ресурси и да се натпреваруваме за мали делови од пазарот. Ги повикуваме сите чинители во регионот на соработка – заедно сме посилни“, нагласија тие. „Да ја скршиме стигмата, или подобро кажано, да започнеме нешто поголемо и повозбудливо“, додаваат тие, алудирајќи на често конзервативниот пристап на Европа кон иновациите, во споредба со другите глобални технолошки центри.
За 4 Point O Labs
4 Point O Labs е водечки Web3 производ и развоен хаб со тимови од Централна и Источна Европа. Специјализиран за иновации на блокчејн технологија и градење екосистем, 4PTO обезбедува врвни решенија за водечки протоколи и децентрализирани апликации ширум светот.
За Ceres Blockchain Solutions
Ceres Blockchain Solutions е истакнат провајдер на Web3 технологија со длабока експертиза во екосистемите за non-EVM blockchain. Со тимови низ Централна и Источна Европа, CBS обезбедува специјализирани развојни услуги и иновативни решенија за блокчејн апликации од следната генерација.
Извор: web-mind.rs