Webmind Редакција

Webmind Редакција

Не секој бренд започнал со успех од прва. Многу компании морале упорно да се обидуваат, повторно и повторно, пред да создадат производ кој ќе ги направи препознатливи и незаменливи во секое домаќинство. Истраживме како се развивале производните линии на денешните најпознати брендови и решивме да ги откриеме нивните скромни почетоци.
Во последно време, медиумите се преплавени со алармантни наслови. Политиките на Доналд Трамп, особено неговото постојано менување на одлуките околу воведувањето царини, предизвикаа вистинска бура на берзите и дополнително ги разгореа стравувањата од рецесија – и кај граѓаните и кај бизнис-заедницата.
Минатата недела бевме присутни на конференцијата посветена за UX/UI дизајн – Uxplore. Како што очекувавме истата имаше несомнено впечатлив почеток – првата сесија „Дизајн како бизнис стратегија“ донесе конкретни увиди, практични совети и ретка можност да се слушне како работи тим од врвни дизајнери со глобално искуство. Презентерот Ристе Лазороски, Senior UX/UI Designer во Ubiquiti Inc., го отвори настанот со приказна што покажува зошто UX денес е многу повеќе од само убав интерфејс.
Се сеќавате ли на времето кога производите беа само – производи? Кога купувавте детергент затоа што пере облека, а не затоа што ви ветува дека вашето дете ќе стане астронаут? Кога автомобилите беа само превозно средство, а не клуч кон духовно просветлување преку „оф-роуд“ возење по Тибет?
Технологијата Quantum Dot донесе револуција во прикажувањето на сликата на телевизорите, обезбедувајќи живописни бои и подобрена енергетска ефикасност. Сепак, неодамнешните откритија укажуваат дека некои производители ја прошируваат дефиницијата за „QLED“ за да пласираат телевизори од средната класа, што предизвикува загриженост за можни маркетинг измами. На оваа тема неодамна се позанимава и реномираното германско списание Connect, а во продолжение ги пренесуваме клучните точки.
На пазарот на криптовалути повторно владее неизвесност, а сите погледи се насочени кон биткоинот, кој се наоѓа на клацкалка помеѓу нови рекордни височини и сериозен пад. Во игра се геополитичките тензии, нервозните инвеститори и техничките сигнали кои не ветуваат многу – освен ако не дојде до голем пресврт. Моменталната вредност на оваа криптовалута изнесува околу 77.000 долари.
All articles loaded
No more articles to load