Bitcoin HODL Lager
ECD и пиварницата Dogma го претставија „Bitcoin HODL Lager“, првото пиво во Србија инспирирано од крипто заедницата. Лансирањето на овој лагер беше совршено темпирано, се совпадна со историскиот скок на цената на биткоинот над 111.000 долари, што за многу инвеститори претставуваше потврда дека стратегијата на „ходлање“, односно чување на криптовалутите без оглед на пазарните осцилации, донела импресивен профит од околу 60% во текот на изминатата година.
Називот HODL потекнува од крипто жаргонот, како резултат на типографска грешка од зборот „hold“, којашто со текот на времето прерасна во мото на сите што веруваат во технологијата и пазарот, и ги држат своите токени цврсто и без паника. Токму тој дух ECD и Dogma сакаа да го пренесат преку ова посебно пиво, кое, како што велат, не дава финансиски совети, туку ја собира заедницата и поттикнува на едукација.
Извор: ECD/ Canva/ Unsplash
Пораката на HODL Lager е јасна: „Држете го ова пиво како што го држите вашиот биткоин. Цврсто и со насмевка.“ Овој производ ја спојува страста кон занаетчиското пиво со возбудата на дигиталниот финансиски свет, а неговото појавување на пазарот дополнително ја зацврстува врската помеѓу технологијата и современите lifestyle трендови во Србија. За љубителите на пиво и криптовалути, HODL Lager не е само пијалак, тоа е симбол на една нова култура на инвестирање, велат од ECD.
Особено интересно е што HODL Lager првпат беше претставен за време на настанот Bitcoin Pizza Day – глобален празник на крипто заедницата кој ја слави првата позната куповина на физички производ (пица) платен со биткоин. Настанот во Србија собра бројни ентузијасти, инвеститори и љубители на криптовалути, кои, заедно со новото пиво, го одбележаа патот што го измина биткоинот од своите скромни почетоци до денешната пазарна сила. HODL Lager на тој начин стана повеќе од пиво стана симбол на еволуцијата на крипто светот.
Извор: web-mind.rs