Webmind Редакција

Webmind Редакција

Нашето внимание често го привлекуваат алатки кои ветуваат спектакл, но вистинската вредност ја носат оние кои тивко решаваат конкретни задачи. Претставуваме избор на помалку познати, но исклучително корисни AI решенија од оние кои автоматизираат поддршка на WhatsApp, до платформи кои дизајнот го претвораат во функционален код или им помагаат на лица со оштетен вид. Решенијата се наменети за оние кои сакаат ефикасност, брзина и практичност во работата и секојдневието.
Технолошките гиганти Google и Meta инвестираат милијарди долари во мрежа на подморски кабли, создавајќи сопствени глобални патишта за пренос на податоци што ги заобиколуваат геополитичките тензии и класичните телекомуникациски провајдери. Овие кабли не се само инфраструктурни проекти, туку клучен дел од новата дигитална стратегија.
Додека поголемиот дел од светот се потпира на приватниот сектор за развој на вештачката интелигенција, Кина спроведува централизирана стратегија која вклучува вложување од речиси 100 милијарди долари. Станува збор за јасна и долгорочна државна офанзива, која опфаќа поддршка за локалните технолошки гиганти, силни субвенции за стартапи, стратешки инвестиции во полупроводници и масовна реформа на образованието.
Нетфликс за првпат искористи вештачка интелигенција во една од своите ТВ-серии — потег за кој раководството на стриминг-компанијата тврди дека ќе овозможи поевтина и поквалитетна продукција на филмови и серии.
Meta се повлече од потпишување на ЕУ Кодексот на практика за модели на вештачка интелигенција од општа намена, тврдејќи дека предложената рамка ги надминува законските граници и претставува закана за иновациите. Нивниот потег го отвора клучното прашање: каде е границата помеѓу регулацијата и задушувањето на развојот на вештачката интелигенција?.
Во трката за глобална доминација во генеративната вештачка интелигенција, стартапот Perplexity се определува за Индија. Додека OpenAI бележи приходи од милијарди долари, Perplexity применува сосема поинаков пристап: масовна дистрибуција, локални партнери и бесплатен Pro-пристап за стотици милиони корисници. Дали овој модел може да ја смени играта?
All articles loaded
No more articles to load