Неделата може да се влече бавно, а може и да пролета, но многу нешта можат да се направат за само седум дена. Иако можеби нема суштински да го промени вашиот живот во корен, неделниот план е сосема доволен за да воспоставите нова, здрава рутина.
Webmind Редакција
Webmind Редакција
Купувањето производи со ознаки како „eco-friendly“, „green“, „carbon neutral“ или „sustainable“ на многумина им дава чувство дека прават нешто добро за планетата. Бамбусовата четка за заби, памучниот цегер или електричниот автомобил често ни изгледаат како наједноставни начини да го намалиме нашето влијание врз животната средина.
Хидратацијата на кожата е неопходна, особено во текот на летото. Но, обично нејзиниот недостиг го забележуваме дури кога тенот ќе ја изгуби свежината, лицето изгледа поуморно, а шминката повеќе го нема истиот ефект. Не трагајте по сложени решенија, бидејќи одговорот најчесто е многу едноставен: на кожата ѝ недостига влага.
На сите ни е добро познато чувството или целосното отсуство на чувство – на губење време на телефонот. Земете да проверите само една работа и пред да се освестите, веќе сте потрошиле цел час од животот листајќи TikTok или Instagram. Некаде помеѓу фотографиите на пријателите од одмор, препораките за нега на кожа и некој занимлив наслов, сте упаднале во временска дупка. Оваа навика стана толку вообичаена што доби и свое име: doomscrolling. Но, бидејќи сите работи имаат своја спротивност, за волја на космичката рамнотежа, постои и bloomscrolling.
Некогаш се подразбираше дека повеќето жени еден ден ќе сакаат брак и деца. Денес, меѓутоа, за жените од генерацијата З (Gen Z) семејството и мајчинството повеќе не се подразбираат. Младите жени сè поотворено зборуваат за тоа дека не се сигурни дали сакаат да станат мајки.
Иако летото е време за одмори, заминувањето на долго планираното и посакувано патување всушност претставува само најмал дел од него. Поголемиот дел од времето, сите работиме, трудејќи се да покриеме сè додека некој друг е на одмор. Продуктивноста во текот на летото понекогаш изгледа како своевидна агонија. Набљудувањето на празната маса на колегата кој е на одмор и погледот низ канцеларискиот прозорец секојпат ви предизвикуваат воздишка. Ништо не ви е полесно ниту ако веќе сте се вратиле од одмор, ниту ако дури сега се подготвувате да заминете. Тука сте каде што сте и колку и да си ја сакате работата, да го одржите фокусот и ефикасноста во текот на летото е често вистински предизвик.
All articles loaded
No more articles to load