Војна на платформите: кој ќе го освои дигиталниот трон во 2025, Netflix ili Hbo Max?

Глобалниот пазар на стриминг услугите се претвори во арена на немилосрдни битки.

platformi-3605-fi

Извор: Unsplash

Платформите како Amazon Prime Video со над 250 милиони корисници и Disney+ со околу 150 милиони се едни од  најмоќните учесници во глобалната трка за претплатници. Но кога се работи за вистинска содржинска конкуренција, сите погледи се вперени кон два гладијатора: Netflix и HBO Max (сега Max).

Netflix со неговиот масовен опсег и иновации, или магијата и премиум квалитетот на HBO Max? Кој навистина доминира во 2025 година?

Netflix, со своите неверојатни 302 милиони претплатници, изгледа како непобедлив гигант. Тие доминираат со интерактивни серии како „Adolescence“, што собраа рекордни 96,7 милиони прегледи за само три недели! Не само тоа, со најновиот потег  и преземањето на едукативната серија „Sesame Street“ која до 2025 се емитуваше на HBO Max – Netflix не само што привлече внимание кај родителите и децата, туку успеа ова преминување да го претвори во триумфален стратегиски удар, зацврстувајќи ја својата позиција како водечки играч и во едукативната содржина.

Но HBO Max не остана должен. Со нивните 130 милиони претплатници, тие навлегуваат длабоко во квалитетот и ексклузивитетот. Трејлерот на Final Destination: Bloodlines собра неверојатни 178,7 милиони прегледи во првите 24 часа и со тоа стана втор најгледан хорор трејлер на сите времиња, додека со лансирањето на сериите како „The Last of Us“ и „A Knight of the Seven Kingdoms“, директно удри таму каде што Netflix најмногу го боли: во територијата на масовната популарност и високобуџетна продукција. HBO Max е како магнет што го чека вистинскиот момент да не привлече кон себе со содржина што не држи будни до зори.

Она што ги поврзува и двете платформи е постојаното номинирање и освојување на Emmy, Golden globes, Oscars…Нам ни преостанува да видиме дали публиката сака квантитет или квалитет? Се цени ли масовниот избор или се бара исклучителната креативност? Историјата се пишува пред нашите очи, а оваа војна само што почна и ние стануваме дел од неа.

Извор: WebMind редакција

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.