RU4M? – Апликација што го олеснува деловното вмрежување
Едноставниот интерфејс, интеграцијата со најважните календарски сервиси и опциите за виртуелно вмрежување ја прават оваа апликација нов стандард за дигитална деловна комуникација на локалниот и регионалниот пазар. RU4M? се позиционира како дигитална алатка што го трансформира начинот на кој луѓето од различни индустрии се запознаваат, договараат состаноци и ја прошируваат својата професионална мрежа.
Нејзината главна предност лежи во користењето на напредна геолокациска технологија, која им овозможува на корисниците во радиус до 100 километри да откријат потенцијални деловни контакти – било да се работи за колеги, потенцијални партнери или идни клиенти. Процесот на закажување состаноци е поедноставен до максимум – корисникот со само неколку клика може да види кој се наоѓа во негова близина, да ги филтрира контактите по индустрија или интерес и да испрати предлог за состанок.
Практична апликација за деловни настани
„Нашата апликација овозможува брзо деловно поврзување во реално време – доволно е да се скенира QR-кодот на штандот, што веднаш ве води до Play Store и за само неколку секунди сте подготвени за користење. За секој настан имаме краток giveaway – доволно е да ја инсталирате апликацијата, да ги скенирате кодовите од партнерските фирми и автоматски учествувате во наградната игра. На тој начин го зголемуваме ангажманот на настаните, а нам ни е важно апликацијата да ја преземе што е можно повеќе луѓе – вистински win-win за учесниците и организаторите“, вели Маја Микља од RU4M? за BIZLife.
Функционалноста за праќање предлог за состанок е особено практична на деловни настани како саеми и конференции, каде брзината на реакција често е клучна за воспоставување корисни контакти.
Апликацијата нуди и можност за виртуелно „телепортирање“ во друг град и однапред планирање состаноци со потенцијални партнери благодарение на опцијата „Teleport“.
Функционална и за ‘’срамежливи’’ корисници
Посебно внимание е посветено на едноставноста и поддршката за корисници кои не се склони кон проактивно вмрежување. „Апликацијата е осмислена да го олесни networking-от и за оние што не се премногу екстровертни, доволно е да испратите поврзување или барање за состанок, а вештачката интелигенција ви помага да го пополните профилот и да напишете персонализирана порака“.
RU4M? нуди и реално-временски chat за уште побрза комуникација и договори без комплицирани е-пошта и долго чекање на одговор.
Крајната цел е оваа апликација да стане стандард за деловно вмрежување на форуми, конгреси и слични настани, без потреба за инсталирање нова апликација секојпат. Синхронизацијата со LinkedIn и Google сметки овозможува автоматско повлекување на податоци и состаноци, со целосна организација на едно место.
Флексибилноста е уште една голема предност корисникот сам одлучува кога да биде видлив за другите, може да ја вклучи или исклучи геолокацијата, да избере кои настани ќе ги следи и да ги филтрира потенцијалните контакти според сопствени критериуми.
RU4M? е платформа дизајнирана да штеди време, да го поттикне вмрежувањето и да олесни склопување нови партнерства без разлика дали станува збор за локални состаноци, регионални конференции или меѓународни бизнис форуми.
Извор: web-mind.rs