Трикови за празнично украсување: како да го уредиш домот како од Pinterest

Во совршен свет, празничното украсување е магично искуство. Беспекорна елка, раскошни венци на секоја површина, кои совршено се наместуваат од прв обид.

dekoracii-4913-fi

Извор: Freepik

Во реалноста, празничната декорација често може да биде дополнителен извор на стрес. Елката никогаш не стои доволно право, не успевате симетрично да ги распоредите украсите, а светилките не изгледаат доволно раскошно. Новогодишните венци се разлетуваат, паѓаат и ве предизвикуваат нервоза.

Ако празничното украсување ви одзема повеќе напор отколку што вреди, време е за паметни и едноставни трикови што ќе ви ги зачуваат нервите.

Трикови за празнично украсување што ќе ви го олеснат животот

Прицврстете ги украсите со стапчиња со влакненца (pipe cleaners)

https://www.tiktok.com/@whatlololikes/video/7439086481643212078?is_from_webapp=1&sender_device=pc

Ако сте уморни од борбата со украсите што никогаш не висат како што треба, шарените стапчиња за чистење одвод (стапчиња со влакненца) може да бидат решението. Додека обичните куки ви дозволуваат да закачите само еден украс, флексибилноста на овие стапчиња значи дека можете да прицврстите неколку одеднаш, точно таму каде што ви требаат. Овој трик е супер практичен при декорирање на елката.

Празнично украсување со венци

@bre.powell

The easiest DIY to make your cabinets extra cute for Christmas ❤️ #christmastok #christmasdecor #holidaydecor #homedecor #christmasdecorating

♬ original sound – ci

Венчињата изгледаат прекрасно на кујнските елементи, но нивното закачување не е баш лесно. Лента може да помогне, но лесно се одлепува или ја оштетува површината. Наместо да прибегнувате кон сомнителни методи, пробајте го овој трик: обвиткајте лента околу венецот, направете мали дупчиња на краевите и закачете ја лентата од внатрешната страна на елементот со мала кукичка. Толку е едноставно!

Врв на елката во форма на машна

https://www.tiktok.com/@itsdiydenise/video/7434377052750662958?is_from_webapp=1&sender_device=pc

Шилестите украси за врв на елка често се тешки и се искривуваат. Наместо да се нервирате, направете голема машна од лесен тил. Ви треба само долг парче тил и неколку жичени врзувачи. Многу е лесно, а изгледа раскошно, елегантно и супер ефектно.

Трикови со помош на шипка за завеси

https://www.tiktok.com/@thekwendyhome/video/7296927492172975366?is_from_webapp=1&sender_device=pc

Ако сè уште не сте го виделе овој вирален трик, време е да се изненадите. Сè што треба да направите е да купите шипка за завеси што се прилагодува и да ја наместите од ѕид до ѕид или од еден до друг довратник. Потоа околу шипката обмотајте гирланди и светилки и подигнете ја на саканата висина.

Ќе добиете прекрасен празничен „славолук“, на најлесен можен начин.

Направете венец од панделки

https://www.tiktok.com/@kristintaenzer/video/7433892825764203818?is_from_webapp=1&sender_device=pc

Панделките се огромен тренд оваа сезона, и ги има на сè – од чорапи до украсни елки. Наместо да купувате скапи готови венци, направете ги сами. Земете кадифени машни или кадифена лента, направете ги панделките и нанижете ги. Закачете ги над камин, по скалило или покрај гелендер за елегантен, свечен изглед.

Празнична декорација со светилки

https://www.tiktok.com/@casa_anguiano/video/7158257316419210538?is_from_webapp=1&sender_device=pc

Ова е еден од оние трикови што ќе посакате да сте го знаеле уште порано: наместо да ги виткате светилките околу елката во кругови – закачете ги вертикално, од горе надолу. Овој метод одзема многу помалку време, полесно се симнуваат кога ќе дојде време да ја раскитите елката, а изгледаат и многу поефектно!

Закачете герланда со помош на штипалки за фасцикли

https://www.tiktok.com/@lemonleafhomeinteriors/video/7295869173924941102?is_from_webapp=1&sender_device=pc

Овој трик е едноставен и супер практичен – користете метални штипалки за фасцикли. Тие даваат дополнително држење, спречуваат герландата да се одлепи и овозможуваат лесно поставување на повеќе слоеви герланди за пополнет и раскошен изглед.

Празнично украсување со совршени панделки

https://www.tiktok.com/@keepinupwithkj_diy/video/7302794293222198574?is_from_webapp=1&sender_device=pc

Панделките можеби се најголем хит оваа сезона, но нивното рачно врзување понекогаш е вистинска мака. Овој мал туторијал покажува како секој пат да врзете совршена машна (различно е од тоа како се врзуваат пертли!). Кога ќе ги завршите сите машни, закачете ги на елката со цветна жица или кукички. Резултатот е модерна, тренди елка што сепак го задржува класичниот празничен дух – и е далеку поевтина од купување нови украси.

Пред да започнете со украсување, погледнете ги и советите од фенг шуи за добра енергија во домот: Фенг шуи правила за новогодишно украсување што го штитат домот од лоша енергија.

Извор:  easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.