Три правила во комуникацијата поради кои луѓето нема да ве прекинуваат за време на разговорот

Било да се случува во канцеларија или на кафе со пријателите, тоа што некој ве прекинува додека зборувате е фрустрирачки, зарем не? Тоа не е само прашање на пристојност, тоа директно ја ограничува вашата способност да се изразите, да придонесете во тимот и, на крајот, да се чувствувате самодоверливо.

komunikacija-5483-fi

Извор: Freepik/rawpixel.com

Ако не можете да дојдете до збор, ја губите битката и на професионален и на емотивен план. Па, како да го возвратите ударот?

Магична формула од три зборови

Кога некој ќе ве прекине, немојте само да замолчите. Наместо тоа, подигнете ја раката или прстот (цврсто, но смирено) и изговорете три зборови: „[Име], јас зборувам.“

Клучот е во тоа да го употребите името на личноста. Тоа моментално ги запира, но на културен и економичен начин. Кратко, јасно и ефикасно. Сепак, за воопшто да не доаѓа до ова, важно е да го поставите својот настап така што луѓето природно ќе сакаат да ве сослушаат до крај.

Еве три клучни совети како да изградите авторитет во комуникацијата:

1. Дојдете подготвени (и одете право во целта)

За да ве слушаат луѓето, морате веднаш да им кажете зошто треба да ве слушаат. Пред секој состанок запишете ги вашите мисли и извлечете ја главната поента на самиот почеток. Никогаш немојте да „околиште“ до суштината.

  • Лош пример: „Добивав некои повратни информации за, овај, па, некои проблеми околу, да речеме, пренесувањето на обврските и некои други категории на кои влијаат новите сметководствени правила…“
  • Добар пример: „Загрижен сум поради новите сметководствени правила. Имаме еден месец да развиеме нови процеси или ќе се соочиме со сериозни финансиски ризици.“

2. Освојте го вниманието во просторијата

Јавниот говор се учи. Ако тихиот тон или несигурниот настап ве кочат на работа, време е за еволуција.

  • Исфрлете ги „паразитските“ зборови: Зборовите како „овај“, „онај“, „како“, „знаеш“ само го разводнуваат вашиот авторитет.
  • Внимавајте на интонацијата: Избегнувајте речениците да ви звучат како прашања (подигнување на тонот на крајот од реченицата). Изјавата мора да звучи како факт, а не како молба за потврда.
  • Говор на телото: Ако состанокот е хаотичен, слободно станете и кажете одлучно: „Сакам нешто да кажам.“

3. Ако не можете да победите, променете ги правилата

Ако културата на прекинување во вашиот тим станала неподношлива, разговарајте со менаџерот по состанокот. Предложете нови правила за комуникација, на пример, секој да има свој ред за говор без упаѓање во збор.

Исто така, можете да се здружите со колегите. Следниот пат кога некој ќе ја прекине вашата колешка, ускокнете вие: „[Име], Марија зборуваше. Би сакал да слушнам што има да каже до крај.“

Промената на однесувањето може да предизвика анксиозност, особено ако со години сте биле оној кој молчи. Но, набљудувајте го ова како вид професионална терапија. Целта е да поставите нов пат, оној на кој вашиот збор се цени и, што е најважно, се слуша.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.