Во продолжение е водич низ 5 премиери (нови сезони и нови поглавја) кои пристигнаа кон крајот на февруари и во Март.
Што да се гледа во март:
1) „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy) – 22. сезона
Дваесет и две сезони подоцна, „Вовед во анатомија“ сè уште го има она што е ретко: способноста да биде и драма и утеха, и „guilty pleasure“ и серија која ве изненадува кога најмалку очекувате. Новата сезона носи враќање во болницата по разорна експлозија: ѕидовите се обновуваат, но односите пукаат под притисок. Мередит Греј се насочува кон роботската хирургија и нов професионален предизвик, додека Ричард Вебер се соочува со лична дијагноза која ја менува перспективата.
2) „911“ – 9. сезона
Ако ви треба серија која веднаш ве фрла во петта брзина, „911“ е вистинскиот избор. Деветтата сезона ги поместува границите на спектаклот преку триделниот настан „Небесен пад“, верижни судари на сателити во орбитата на Земјата предизвикуваат целосен технолошки колапс. Комуникациите исчезнуваат, GPS системите престануваат да работат, градот тоне во мрак, а остатоци почнуваат да паѓаат над Лос Анџелес. Станицата 118 мора да реагира без дигитална поддршка, додека Атина Грант патролира по улиците кои станаа зони без закон.
Извор: Wannabemagazine.com
3) „911: Нешвил“ – 1. сезона
Франшизата која го редефинираше акциониот процедурал го шири својот универзум и се сели од Лос Анџелес во срцето на Тенеси. „911: Нешвил“ носи нова енергија и нови херои, но го задржува она што ја освојува публиката: силни емоции и интензивни акциони секвенци. Во центарот на случувањата е Станицата 121, елитна единица задолжена за „градот на музиката“, каде што торнадата и опасните спасувања на надојдените реки се секојдневие.
4) „Трагач“ (Tracker) – 3. сезона
Колтер Шо е осамен трагач кој пронаоѓа исчезнати лица таму каде што другите се откажуваат. Тој не е класичен акционен херој, смирен е, рационален, но и емотивно ранлив. Третата сезона станува полична, помрачна и поопасна, фокусирајќи се на мистеријата околу смртта на таткото на Колтер. Истовремено, тој се соочува со загонетната организација „Процес“, мрежа која преку уцени принудува обични луѓе да извршат злосторства.
5) „Метлок“ (Matlock) – 2. сезона
Кети Бејтс како Мадлин „Мати“ Метлок ја продолжува опасната игра на инфилтрација во престижна адвокатска фирма. Додека првата сезона беше вовед во нејзиниот двоен живот, новиот циклус ги продлабочува конфликтите. Мати свесно влезе во фирмата за да открие докази против фармацевтска компанија поврзана со смртта на нејзината ќерка. „Метлок“ е серија која постојано потсетува дека вистината има цена.
Брз водич според вашето расположение:
- Ако ви требаат емоции + познати ликови: „Вовед во анатомија“
- Ако ви треба адреналин и спектакл: „911“
- Ако сакате ново поглавје и свеж почеток: „911: Нешвил“
- Ако сакате мистерија и потрага: „Трагач“
- Ако ви одговара правна драма со личен влог: „Метлок“
Изберете го вашиот жанр и препуштете се на најдобриот дел: серијата да си го заврши своето, а вие само да уживате.
Извор: wannabemagazine.com