Стари гејмерски конзоли
Многу миленијалци сè уште ги чуваат конзолите со кои пораснале. Играњето стари игри ги враќа во времето кога сè било поедноставно. А оние што веќе имаат деца, со задоволство сакаат да им ги покажат истите наслови што и ним им значеле. Ова не е само хоби туку емотивна врска со минатото.
Друштвени игри
Табла-игрите и друштвените игри се уште еден чест „реликт“. Истражувањата покажуваат дека миленијалците се генерација која е под најголем стрес најмногу поради финансиски притисоци па токму игрите се начин повторно да се почувствуваат опуштени и поврзани, без товарот на одговорностите што ги имаат денес.
VHS-касети и DVD-а
Овие медиуми не се само сентиментален потсетник. Тие носат враќање во филмската магија на 80-тите и 90-тите, што многумина ја сметаат за поискрена и поавтентична од денешната. Дополнително, има нешто задоволувачко во тоа да имаш сопствена колекција, наместо постојано да плаќаш за стриминг платформи.
Стари CD плеери и вокмени
Музиката е еден од најсилните предизвикувачи на спомени. Затоа многу миленијалци сè уште ги чуваат CD плеерите или вокмените. Една песна од младоста може да ги врати во специфичен момент, со истите чувства и мириси на тоа време. Овие уреди се вистински временски капсули.
Гардероба од младоста
И облеката што повеќе не се носи има приказна. За многумина, таа претставува сведоштво за животните фази низ кои поминале, за личниот развој и промените што ги обликувале.
Извор: bizlife.rs