Како изгледа „седењето“ во стилот Skyrider?
Skyrider 2.0 подразбира полустоечка позиција, при што патниците се потпираат на тесни, обложени седишта налик на велосипедски, поставени под агол од околу 45 степени. Наместо класични појаси, ќе се користат безбедносни ремени слични на падобрански.
Главна предност? Седиштата се двојно полесни од стандардните, што ја намалува потрошувачката на гориво, а капацитетот на авионите се зголемува за дури 20%.
Цените на билетите во ваков „стоечки“ аранжман би можеле да паднат на само 1 до 5 евра. Но, предизвиците се очигледни: удобноста е минимална, а се поставуваат и сериозни прашања за безбедноста во итни ситуации.
За сега, овие седишта сѐ уште немаат добиено официјална дозвола од регулаторните тела, што значи дека авиокомпаниите не смеат да ги користат. Процесот на одобрување може да потрае, но компаниите веќе сериозно ги планираат – штом добијат зелено светло.
Лет од 5 евра – но на нозе
Иако ваквите седишта изгледаат контроверзно, можно е да станат новата реалност за кратки и екстремно евтини летови ширум Европа. Патниците со плиток џеб веројатно ќе бидат подготвени да се откажат од комфор за сметка на супер-ниска цена, а авиокомпаниите ќе можат да зголемат профитот по лет.
Сите очи сега се вперени во регулаторните агенции и нивните одлуки. Доколку седиштата добијат зелено светло и се покажат како безбедни, можат засекогаш да го променат начинот на летање.
Извор – bizlife.rs