Ова го покажува истражувањето на Talker Research за потребите на компанијата Yoto производител на аудио-плеери без екрани за деца, во кое учествувале 2.000 родители на деца помали од 12 години.
Кога ги прашале родителите колку дена им се потребни да се вратат во „нормала“ по типично семејно патување, просечниот одговор бил 2 до 4 дена”.
Екраните како „спас“
Пропратени со патни кризи и нервози, некои родители едноставно се откажуваат – 26% признаваат дека им дозволуваат на децата неограничено време пред екрани, претворајќи го задното седиште во дигитален ресорт.
И покрај привлечноста на екраните, многу родители сепак се обидуваат да ги исклучат децата од дигиталниот свет – дури 70% сметаат дека забава без екран е важна, при што аудио-содржините, боенките и семејните игри се најпосакуваниот избор за патување.
За да избегнат хаос, родителите често прибегнуваат кон креативност, речиси една третина (30%) признава дека ги подмитува децата со бонбони, додека 28% купуваат играчки по пат. Некои измислуваат песни (19%), други раскажуваат приказни „во лет“ (16%) само за да ја задржат вниманието на децата. И додека многумина сè уште се потпираат на таблети и грицки, се повеќе семејства откриваат нови алатки за забава без преголема стимулација.
Дури 62% од родителите користат аудио-плеери за време на патување, знак дека музиката, раскажувањето приказни и звучните пејзажи стануваат последна надеж. Речиси половина (43%) користат музика како средство за смирување.
Последици од стресот на одмор
Стресот што родителите го доживуваат за време на одмор остава последици, дури 11% признаваат дека се „сокриле во тоалет“ само за да заплачат или да здивнат. Не е ни чудо што 71% од родителите велат дека по одмор им треба нов одмор.
„Семејните патувања можеби изгледаат совршено на социјалните мрежи, но реалноста е често многу поинтензивна“, вели Сара Нечез, директорка на компанијата Yoto за Северна Америка. „Родителите балансираат помеѓу детските испади, промените на расположението и притисокот секој момент да биде магичен и често се враќаат од одмор поисцрпени отколку кога тргнале. Ова истражување покажува колку труд, имагинација и издржливост бара родителството.“
Дури и најдобро испланираните одмори имаат “пукнатини” иако 66% од родителите тргнуваат со јасен план, речиси половина (49%) признаваат дека немаат подготвен „комплет за преживување на патување“, па импровизираат кога нешто ќе тргне наопаку.
Притисокот сè да биде совршено е реален, речиси две третини (64%) од родителите чувствуваат обврска секој момент да биде „посебен“, иако 30% признаваат дека нивните деца редовно добиваат испади за време на патување.
Можеби токму тој јаз помеѓу очекувањата и реалноста е причината што сè повеќе родители бараат алтернатива на екраните. Таблетите и грицките имаат своја улога, но алатки како аудио-плеери стануваат сè попопуларни како начин децата да се забавуваат без премногу стимули. И со најдобри намери, родителите признаваат дека не можат сè да испланираат.
„На крајот на денот, не станува збор за совршен план, туку за создавање спомени, дури и неуредни“, и токму тие несовршени моменти остануваат во семејното сеќавање.“ додава Нечез.
Извор: bizlife.rs