Оваа брзина би можела да овозможи обработка на вештачка интелигенција во реално време, дури и меѓу континенти. Иако сè уште не е достапна за домашна употреба, технологијата има потенцијал да ја револуционизира инфраструктурата на 6G мрежите и подводните кабли.
Научна фантастика во реалноста
Јапонија направи нешто што звучи како сцена од научнофантастичен филм. Најбрзиот интернет во светот сега достигнува брзина од 1,02 петабити во секунда, што го постигнаа истражувачи од Јапонија. Тоа е доволно брзо да симнете цели библиотеки со музика, филмови и видеоигри за миг.
Ова достигнување, кое користи веќе постоечка оптичка кабелска технологија, би можело да го промени начинот на кој луѓето ширум светот пристапуваат до податоци, користат cloud-сервиси и применуваат вештачка интелигенција.
Според Business Today, можете истовремено да стримувате милиони видеа во 8K резолуција и да ги симнете сите игри од Steam во дел од секунда.
Јапонија ја демонстрира иднината
Замислете да го симнете целиот каталог на Netflix побрзо отколку што апликацијата може да се отвори. Тоа наскоро би можело да стане реалност.
Во јуни 2025 година, научниците од Националниот институт за информатички и комуникациски технологии на Јапонија (NICT) го срушија светскиот рекорд, пренесувајќи податоци со брзина од 1,02 петабити во секунда, што е еднакво на 1.020.000 гигабити во секунда.
Како го постигнаа ова?
Станува збор за вистинско инженерско достигнување а не е само лабораториски експеримент. NICT користеше стандардни оптички кабли кои веќе се користат ширум светот, но со четири јадра и повеќе од 50 различни бранови должини на светлина.
Уште поимпресивно е тоа што ваквата брзина е одржана на растојание од 51,7 километри, што покажува дека решението е применливо и во реални мрежни услови.
Што овозможува ваква брзина?
Интернет со ваква моќ би овозможил инстантна обработка на податоци од вештачка интелигенција на глобално ниво, поврзувајќи ги дата-центрите ширум светот како да се дел од иста локална мрежа.
Со оглед на сè поголемите потреби од генеративна вештачка интелигенција, автономни возила и преводи во реално време, ваквиот проток на податоци станува клучен.
Само за споредба:
–Сите игри од Steam, вклучувајќи Counter-Strike 2 и Baldur’s Gate 3, може да се симнат за помалку од 10 секунди.
-Може да се стримуваат 10 милиони 8K видеа истовремено, што значи дека секој жител на Токио и Њујорк би можел да гледа филм со највисок квалитет – без застој.
-Може да се симнат 127.500 години музика за една секунда, или да се направи бекап на целата Википедија 10.000 пати во секунда.
Ќе го имаме ли ваквиот интернет дома?
За жал сé уште НЕ. Терабитни брзини сè уште не се достапни за крајните корисници. Сепак телеком операторите и дата-центрите внимателно го следат овој развој.
Јапонскиот успех би можел да биде темел за 6G мрежите, за националната интернет инфраструктура и за следната генерација на подводни оптички кабли.
Извор: web-mind.rs