Седум локации од снимањето на серијата „Bridgerton“ кои можете да ги посетите

„Bridgerton“ се враќа, а од лондонските палати до балски сали во Бат, ова се некои од најдобрите места каде можете да ја искусите Англија од времето на регентската ера.

bridgerton-5292-fi

Извор: Youtube/Netflix/Screenshot

Мегахитот на Нетфликс, „Bridgerton“, чија четврта сезона пристигнa на 29. јануари, инспирираше фанови да направат повеќе од само да ја гледаат заводливата приказна и скандалите од високото општество. Љубителите на серијата сè почесто резервираат патувања до препознатливите локации на кои е снимана серијата. Според податоците на британската платформа за резервирање возови и автобуси Trainline, патувањата до дестинации поврзани со „Bridgerton“ низ Англија пораснале за 50% пред третата сезона, додека кај американските патници е забележен раст од 135% во однос на претходната година.

Според зборовите на Патриција Џејтс, директорка на организацијата VisitBritain, „Bridgerton“ претставува можност да се промовираат „светски познатата британска историја, културното наследство и искуства“, инспирирајќи посетители да ги посетат локациите и дестинациите од снимањето. Од лондонските палати до балските сали во Бат, еве седум места низ Англија каде фановите можат да ја доживеат раскошната драма на серијата „Bridgerton“.

Лондон

Љубителите на „Bridgerton“ ќе имаат многу за да видат во британската престолнина. Посетата на Кралските ботанички градини во Кју, покрај палатата Кју на Темза, е задолжителна за фановите на претходницата „Queen Charlotte: A Bridgerton Story“. Палаата Кју била дом на кралот Џорџ III и кралицата Шарлот, а голем дел од таа историја денес е сочуван како музеј. Многу сцени од претходницата се снимени во Belton House и Кралската опсерваторија, изградена 1769. година по наредба на Џорџ за да го набљудува транзитот на Венера.

Љубителите на книги и обожавателите на ликот Елоис и Пенелопе не би требало да ја пропуштат посетата на книжарницата Hatchard’s, најстарата книжарница во Лондон, основана 1797. година. Во областа Пикадили посетителите можат да ја видат и црквата St James’s, каде што во втората сезона е снимена драматична сцена за венчавката на Ентони Бриџертон и Едвина Шарма. Пошто црквата сè уште е активна, влез во внатрешноста е дозволен само за време на богослужби.

Покрај Лондон, постојат и други Bridgerton локации низ Лондон. Во Гринич се наоѓа Queen’s House, која во серијата ја претставува Somerset House, каде што се одржал кралскиот бал во чест на прускиот принц Фридрих. Old Royal Naval College и Ranger’s House биле користени како фасади за да се пренесе автентичната архитектура на Лондон од времето на регентската ера. Во општина Ричмонд можете да ја посетите и палатата Hampton Court, каде се снимале сцени во Master Carpenter’s Court, Fountain Court, Clock Court, Base Court, на Кралските скали и во градините.

Четам (Chatham)

На час време источно од Лондон се наоѓа градот Четам, дом на улиците со калдрма низ кои шетаа лејди Федерингтон и нејзината штитеница Марина во текот на посетата на сиромашните квартови, како и историското бродоградилиште (The Historic Dockyard), каде што во првата сезона е снимена сцена од боксерскиот салон. Тука, во серијата, војводата вежбал удари со својот спаринг партнер Вил Мондрич. Ликот на Мондрич е инспириран од Бил Ричмонд, познатиот црн боксер од времето на регентството, кого често го нарекуваат „првиот црн спортски славеник на Британија“.

Бат (Bath)

Елегантниот град Бат, на југозападот на Англија, ја има една од главните улоги во серијата „Bridgerton“. „Златниот гружијски камен и монументалните згради го прават градот совршена замена за Лондон од времето на регентството и им дава одлична инспирација на посетителите кои планираат патување во Велика Британија и Бат“, изјавил портпаролот на туристичката организација Visit West за BBC.

По возењето со воз од Лондон, кое трае околу 90 минути, првата станица за фановите на серијата треба да биде познатиот Holburn Museum. „Среќни сме што сме познати како ‘дом на лејди Данбери’ од Bridgerton и што можеме да угостиме бројни туристи кои доаѓаат да ја фотографираат нашата преубава зграда од времето на регентството“, рекол портпаролот на музејот за BBC. Зградата е првобитно изградена како хотел Sydney 1794. година, а денес, заедно со прекрасните градини, со векови ги привлекуваат посетителите. Хотелот бил претворен во музеј 1916. година, а во него се изложува и перика на кралицата Шарлот.

Јорк (York)

Древниот, со ѕидови опасан град Јорк, на североистокот на Англија, е дом на замокот Hauard и неговите градини (во серијата познати како имотот Clivedon), каде што Сајмон Басет и Дафни Бриџертон го поминуваат својот меден месец.

Оксфордшир (Oxfordshire)

Kingston Bagpuize House & Gardens е нова локација за снимањето на третата сезона на „Bridgerton“, а претходно се појавувала во серијата Downton Abbey. Најблиската железничка станица е Didcot Parkway, а деца помлади од 11 години влегуваат бесплатно (возрасни може да ја посетат куќата и градините за само 10 фунти).

Сари (Surrey)

Грофовијата Сари, југозападно од Лондон, лесно е достапна со воз и совршена е за фановите на серијата. Во првата сезона на „Bridgerton“, Painshill Park беше место за семејниот пикник на Федерингтоновите. Гласините велат дека ќе се појави и во четвртата сезона.

Бекингемшир (Buckinghamshire)

Според зборовите на Џоди Форд, директор на Trainline, актерската екипа на „Bridgerton“ била видена како снима сцени за третата сезона во Claydon House во Бекингемшир. Сеоската куќа од 18. век редовно била одредиште за Флоренс Наитингел.

Со овие локации можете да уживате во историјата и атмосферите од серијата „Bridgerton“ и да доживеете личен вкус на магијата на англиската регентска ера.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.