Во своите најдобри денови, „Route 66“ се протегаше на речиси 3.900 километри – од Чикаго во сојузната држава Илиноис до Санта Моника во Калифорнија, поминувајќи низ осум американски држави. Неговите корени секнуваат уште во 1857 година, кога американскиот морнарички поручник Едвард Бил трасирал пат низ дивината предводејќи караван со камили. Подоцна по тој пат поминувале запрежни коли и сточари, а потоа камиони и автомобили.
Цел – подобро поврзување на државата
Идејата да се изгради модерен автопат долж таа траса се појавила во средината на дваесеттите години од минатиот век во Оклахома. Целта била државата подобро да се поврзе со големите градови како Чикаго и Лос Анџелес. Сообраќајниот комесар Сајрус Ејвери сметал дека новиот пат би го пренасочил сообраќајот од другите важни правци, а во 1926 година тој го добил своето официјално име „Route 66“.
Благодарение на дијагоналниот правец по кој поминувал, „Route 66“ поврзал стотици мали, главно рурални заедници со големите градови. На земјоделците им овозможил полесен транспорт на житарките и другите производи, додека камионскиот превоз станал сериозна конкуренција на железницата.
Током триесеттите години од минатиот век, овој пат стана симбол на масовна миграција кон американскиот Запад. Повеќе од 200.000 луѓе ја напуштиле областа погодена од катастрофални суши, позната како „Dust Bowl“, и тргнале кон Калифорнија во потрага по подобар живот. Писателот Џон Стајнбек го овековечил „Route 66“ во својот роман Плодови на гневот, нарекувајќи го „Мајка на сите патишта“ (Mother Road).
Го замени модерен автопат
Од педесеттите години започнува изградбата на модерна мрежа на меѓужрдвани автопатишта, поради што „Route 66“ станувал сè помалку важен. До 1970 година, речиси сите негови делници биле заобиколени со нови автопатишта со четири ленти. Последниот оригинален дел од патот, кај Вилијамс во Аризона, бил заобиколен во октомври 1984 година со изградбата на автопатот „Interstate 40“, а веќе следната година „Route 66“ официјално бил укинат.
Сепак, приказната не завршила тука. Според податоците на Националната федерација на историскиот „Route 66“, денес и понатаму е можно да се вози по околу 85 отсто од оригиналната траса, која стана една од најпознатите туристички атракции во Соединетите Американски Држави.
Надимакот „Главната улица на Америка“ (Main Street of America) не го добил случајно. „Route 66“ стана една од најголемите икони на американската поп-култура. Инспирирал и позната песна „Route 66“, која во 1947 година ја напишал Боби Труп, а подоцна ја изведувале уметници како Нет „Кинг“ Кол, Чак Бери и Ролингстонс. Добил и сопствена телевизиска серија во шеесеттите години, а новата генерација ја освои благодарение на анимираниот филм на Дизни „Автомобили“ (Cars) од 2006 година.
Денес „Route 66“ повеќе не е официјален автопат, но и понатаму е едно од ретките места во светот каде што патот ја надраснал својата првобитна намена и станал симбол на слободата, патувањето и американскиот сон.
Извор: bizlife.rs