Најновите податоци од истражувачката компанија Circana покажуваат дека овој пресврт е реален. А причините се прилично јасни: нема полнење, нема спарување, нема барање под каучот во 7 часот наутро.
Цената игра голема улога. Apple EarPods чинат околу 149 јуани (21 долар), додека AirPods 4 започнуваат од 999 јуани. Верзијата со поништување на бучавата оди и до 1.399 јуани.
Се промени и модната перцепција. Џејкоб Елорди, Бела Хадид и Џени се фотографирани со жичани слушалки претворајќи го некогаш генеричкиот додаток во свесен, минималистички стилски избор.
Не вознемирувај
Некои корисници го истакнуваат и практичниот аспект: видливиот кабел функционира како неформален сигнал „не вознемирувај“ нешто што безжичните слушалки не можат да го постигнат.
Сепак, трендот има свои ограничувања. Повеќето понови паметни телефони веќе немаат влез за слушалки, па корисниците се принудени да носат адаптери или целосно да се откажат од жичаната опција.
Реакциите на интернет се поделени. „Би им се вратил кога мојот телефон сè уште би имал влез“, напиша еден корисник.
Историја на жичаните слушалки
Жичаните слушалки делуваат како едноставен, секојдневен предмет, но зад нив стои повеќе од еден век технолошка еволуција.
Првите форми на слушалки се појавуваат кон крајот на 19 век, паралелно со развојот на телефонскиот систем. Операторите користеле големи, тешки слушалки кои покривале само едно уво, а служеле исклучиво за пренос на глас без никаков фокус на удобноста или квалитетот на звукот.
Вистинскиот исчекор доаѓа во 1910 година, кога Натаниел Болдвин ги развива првите модерни слушалки во својата кујна. Неговиот дизајн бил толку добар што американската морнарица веднаш го усвоила, со што започнува пошироката примена на овој уред.
Во текот на 20 век слушалките стануваат сè подостапни, но клучниот момент за нивната популаризација доаѓа кон крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите со појавата на Sony Walkman. Музиката станува лична корисниците за првпат можат да ги слушаат омилените песни во движење, а лесните жичани слушалки стануваат составен дел од секојдневието.
Во деведесеттите и двеилјадитите, со експанзијата на MP3 плеерите и подоцна паметните телефони, слушалките стануваат уште покомпактни и подостапни. Се појавуваат и „earbud“ модели – мали, дискретни и практични за носење.
Големиот пресврт доаѓа во 2010-тите, кога компаниите како Apple почнуваат да го отстрануваат влезот за слушалки од своите уреди, туркајќи ја индустријата кон безжични решенија. Тогаш многумина веруваат дека жичаните слушалки се на пат кон целосно исчезнување.
Сепак, нивната основна предност, едноставноста, никогаш не исчезна. Без батерија, без поврзување и со стабилен квалитет на звукот, жичаните слушалки опстојуваат како сигурна алтернатива.
Денес, нивниот повраток покажува интересен образец: технологијата оди напред, но корисниците често се враќаат на она што „едноставно работи“.
Извор: webmind.rs