Масовниот туризам ја зафати и Скандинавија – Норвешка воведува туристичка такса

Норвешка последниве години се соочува со нагло зголемување на бројот на туристи, што силно ја оптоварува локалната инфраструктура.

turizam-3731-fi

Извор: freepik

Минатата година беа регистрирани рекордни 38,4 милиони ноќевања, од кои дури 12 милиони ги оствариле странски туристи.

Но, порастот на интересот за Норвешка носи и сериозни предизвици за локалните заедници. Преполни јавни тоалети, недостиг од паркинг и метеж во помалите места стануваат секојдневие. Жителите сe почесто се соочуваат со негативните страни на масовниот туризам, што понекогаш предизвикува тензии.

Како одговор на ваквата состојба, норвешките власти решија да воведат нова туристичка такса. Законот е донесен со широка политичка поддршка, а целта е обезбедување дополнителни средства за одржување и унапредување на туристичката инфраструктура.

turizam-3731-ps1

Извор: freepik

Таксата ќе изнесува три проценти на услуги за сместување, а се размислува да се прошири и на крузерите што пристигнуваат во крајбрежните подрачја.

Посебно внимание ќе се посвети на регионите што најмногу го чувствуваат притисокот од туристичкиот бран. Приходот од таксата ќе биде строго наменски – исклучиво за инвестиции во туристичката инфраструктура. Целта е одржлив развој на туризмот и зачувување на квалитетот на живот на локалното население.

Пример за други земји

Норвешка, како и многу други популарни дестинации, се наоѓа помеѓу економската корист и заштитата на природните и социјалните ресурси. Сe повеќе земји размислуваат за слични мерки за да избегнат несакани последици од прекумерниот туризам. Во Норвешка се смета дека оваа такса може да биде пример и за други држави.

Иако новите давачки обично се дочекуваат со доза на скепса, во овој случај постои силен консензус дека мерките се неопходни. Се очекува првите резултати да бидат видливи веќе следната туристичка сезона.

Норвешка сака да го задржи статусот на атрактивна и гостопримлива дестинација  но не по цена на незадоволство кај жителите. Одржливиот туризам станува сe поважен, а оваа такса може да биде чекор кон постигнување рамнотежа меѓу растот и заштитата.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.