Сакате ли вино? Научниците ја бараат вашата помош – и ви го нудат бесплатно

Истражувачи од Универзитетот Навара во Шпанија ја започнаа најголемата клиничка студија во светот за алкохолот и во моментот бараат волонтери кои ќе учествуваат во истражувањето за влијанието на умерената консумација на вино врз човечкото здравје.

vino-4202-fi

Извор: Unsplash

Во мај, The Olive Press објави дека 10.000 лица на возраст од 50 до 75 години ќе бидат поделени во две групи: едната група секојдневно ќе консумира умерени количини алкохол (до седум пијалаци неделно за жени и 14 за мажи), додека другата целосно ќе избегнува алкохол во текот на целиот четиригодишен период на истражувањето, пренесува travelandleisure.

Учесниците ќе бидат случајно распределени во една од групите и ќе бидат следени за време на целото истражување. Во тој период ќе поминуваат низ детални здравствени прегледи на почетокот и на крајот на студијата, квартални состаноци и консултации со здравствени советници.

Според планот на истражувањето, постојат спротивставени упатства за алкохолот: додека многу здравствени експерти тврдат дека „не постои безбеден нивo на консумација на алкохол“, некои претходни истражувања покажуваат дека умереното пиење може да биде поврзано со пониска смртност кај лица постари од 50 години, во споредба со целосните апстиненти. Сепак, овие резултати може да бидат пристрасни, па затоа сега е потребна ригорозна, рандомизирана студија.

Ова истражување треба да обезбеди „најсигурни докази за влијанието на алкохолот врз здравјето“ и да помогне во дефинирање на идните препораки.

Двете групи ќе добијат „подароци во храна и пијалаци“. Апстинентите ќе добиваат безалкохолно пиво и екстра девствено маслиново масло за полесно следење на медитеранската исхрана. Групата што ќе консумира алкохол ќе добива црвено вино (1,5 литри месечно) и иста количина маслиново масло.

За да се избегнат судири на интереси, виното ќе биде купено во супермаркет, а не донирано од винари или производители на алкохол. Досега се пријавиле 6.500 лица, што значи дека сè уште се бараат околу 3.500 волонтери.

Еден важен услов: за да учествувате, мора да живеете во Шпанија. Но, можеби сега е вистинскиот момент да се преселите таму?

Извор – bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.