Најпосетуваните градови во светот кои не се главни градови на своите држави

Познати по својата убавина, знаменитости, врвна кујна или импресивна архитектура, овие градови се добро препознаени ширум светот. Иако многумина ги сметаат за главни градови на своите држави, сепак не се.

gradovi-4886-fi

Извор: Unsplash

Во продолжение погледнете некои од најпознатите и најпосетувани градови во светот и откријте која е вистинската престолнина на нивните земји.

Торонто, Канада

Најпосетуваниот град во Канада, Торонто, истовремено е и најнаселениот. Заедно со Монтреал, Квебек Сити и Ванкувер, Торонто се смета за еден од најзначајните градови во земјата, но ниту еден од нив не е главен град. Иако Торонто е важно културно и медиумско средиште, главниот град на Канада е Отава.

Маракеш, Мароко

Лесно е да се претпостави дека најпопуларната туристичка дестинација во Северна Африка воедно е и главен град на Мароко. Познат по тесните улици на медината, древните знаменитости и фантастичната улична храна, Маракеш со години привлекува патници од целиот свет. Но вистинската престолнина е Рабат, седмиот најголем град во земјата, кој станал главен град во 1912 година под француска управа.

Рио де Жанеиро, Бразил

Иако Рио де Жанеиро некогаш бил главен град на најголемата јужноамериканска земја, денес тоа не е случај. Поради глобалната популарност на Рио, неговите плажи и знаменитости, честопати се мисли дека тој е престолнината. Иако е втор по број на жители, Рио е најпосетуваниот бразилски град меѓу странските туристи.

Сао Паоло, Бразил

Додека Рио ја носи титулата туристичка престолнина, Сао Паоло е финансиското и деловното срце на Бразил и важен играч на глобалната економска сцена. Околу 440 километри западно од Рио, Сао Паоло е еден од најнаселените градови во светот. Бидејќи двата мегаполиса се наоѓаат на југоисточниот брег, донесена е одлука престолнината да биде преместена во центарот на земјата. Во 1960 година е создадена Бразилија, планиран град каде се сместени сите три гранки на власта.

Барселона, Шпанија

Барселона се гордее со сончеви денови, спектакуларна архитектура и врвна кујна и важи за град со најдобра урбана плажа во Европа. Но 32 милиони туристи кои ја посетуваат Барселона секоја година всушност доаѓаат во вториот најголем град во Шпанија. Вистинската престолнина е Мадрид, значително поголем и погусто населен град, воедно и официјално седиште на шпанската монархија.

Њујорк, САД

Несомнено еден од најпознатите градови во светот, но не и главниот град на САД. Како најпосетуван град во државата и една од највлијателните светски метрополи, разбирливо е зошто некои го сметаат за престолнина. Сепак, вистинскиот главен град е Вашингтон, кој се наоѓа околу 370 километри јужно и од 1791 година е политички центар на земјата.

Женева, Швајцарија

Женева е важен финансиски центар и дом на многу меѓународни организации, меѓу кои бројни агенции на ООН и Црвениот крст. Позната е и како место каде се потпишани Женевските конвенции. Но таа не е престолнината на Швајцарија. Тој статус му припаѓа на Берн, град кој е избран за да се избегне доминација на двата поголеми градови, Женева и Цирих. Како федерален град, Берн ја извршува улогата на престолнина веќе повеќе од 170 години.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.