Од скица на кеса, до модна икона: Како настана најмоќната торба во светот?

Постојат торби што се статусен симбол. Постојат и торби што се инвестиција. А потоа постои Биркин – модна икона што започна како скица на хартиена кеса за повраќање во авион. Аукциската куќа Sotheby’s наскоро ќе понуди на аукција оригинална Hermès Birkin торба што некогаш ѝ припаѓала на починатата пејачка Џејн Биркин, еден од најбараните модели во модната индустрија, кој ќе се најде на аукција во Париз на 10 јули.

moda-3711-fi

Извор: Freepik

Годината е 1984. Актерката и пејачка Џејн Биркин седи во авион покрај Жан-Луј Дима, тогашен извршен директор на Hermes. Сосема случајна средба се претвора во момент што засекогаш ќе ја промени историјата на модата. Биркин му се пожалила дека ниту една торба не и е доволно практична за секојдневниот живот, ниту доволно голема, ниту доволно елегантна, ниту доволно НЕЈЗИНА. Дима ја сослушал, зел лист (или, како што таа подоцна се шегувала, кеса за повраќање од авионот) и ја замолил да му нацрта што навистина и треба. Биркин нацртала. Тој рекол: „Ќе ти ја направам.“

Така е родена торбата Биркин.

Во Hermes ја изработиле специјално за неа, торба што обединува луксуз, квалитет и функционалност. Таа ја носела со стил што бил сe, само не исфорсиран: често незакопчана, со клучот виснат од страна, изгребана, полна со хартија, книги и пелени за дете. Во тоа лежеше нејзината магија, беше вистински дел од нејзиниот живот.

Иако првично создадена само за Џејн, Hermes брзо го препознал потенцијалот. Лансирана како комерцијален производ под името Birkin, торбата станала симбол на статус, луксуз, листи на чекање и тивка, суптилна моќ.

Аукција во Париз

Познатата црна кожна торба ќе биде понудена на продажба во Париз на 10 јули. Оригиналната Birkin торба е нарачана во 1984 година, ексклузивно за Џејн Биркин и во соработка со неа, од тогашниот извршен директор на Hermès International SCA, Жан-Луј Дима.

Џејн Биркин ја продала својата торба во 1994 година за да собере средства за фондацијата за борба против СИДА. Торбата повторно била продадена на аукција во 2000 година, а од тогаш е во сопственост на колекционерка која на Инстаграм се претставува под името “Catherine B”. Во описот на нејзиниот профил стои дека е „горда сопственичка на првата Hermès Birkin торба“. Претставник на Sotheby’s потврдил дека токму таа е сегашната продавачка. Hermès торбите често достигнуваат повисока цена на секундарниот пазар отколку во бутик, поради долгите листи на чекање.

Рекордот за најскапо продадена торба на аукција го држи Hermès Kelly моделот познат како Himalaya, изработен од крокодилска кожа и украсен со дијамант. Торбата на аукцијата кај Christie’s во 2021 година достигна цена од 510.000 долари.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.