Се гаси ли MTV? Што всушност стои зад одлуката што го вознемири светот

Пет музички канали на MTV во Обединетото Кралство ќе престанат да емитуваат до крајот на 2025 година, соопшти BBC.

mtv-4589-fi

Извор: Unsplash

Каналите MTV Music, MTV 80s, MTV 90s, Club MTV и MTV Live ќе бидат укинати по 31 декември, додека главниот канал MTV HD ќе продолжи со работа и ќе остане непроменет.

Веста предизвика конфузија на социјалните мрежи, бидејќи многу корисници погрешно разбраа дека целосно се гаси MTV.

Еден корисник напиша:
„Чекајте, дали се гаси MTV или само ја укинува музиката – која, реално, и онака не ја пуштаат со години?“
Друг додаде:
„MTV планира да ги затвори сите свои канали до крајот на годинава. Скршен сум.“

Сепак, MTV не се гаси во целост. Матичната компанија Paramount сѐ уште нема издадено официјално соопштение по повод одлуката.

Поранешната водителка на MTV, Симон Енџел, во интервју за BBC изрази разочараност:
„Навистина сум тажна и сè уште не можам да поверувам дека ова навистина се случува, иако знаев дека беше само прашање на време. Мора повторно да ги поддржуваме уметниците, да играме и слушаме музика. Знам дека денес тоа го правиме преку интернет, секој во својот свет, но MTV беше местото каде што сè се спојуваше. Затоа ова вистински ми го скрши срцето.“

MTV првпат започна со емитување во САД во 1981 година, а британската верзија следеше набргу потоа, станувајќи неизоставен дел од поп-културата со децении.

Укинувањето на британските музички канали е дел од поширока стратегија за штедење на компанијата Paramount, која планира глобално да ги намали трошоците за 500 милиони долари, пренесува BBC.

Слични затворања на MTV канали се очекуваат и во Австралија, Полска, Франција и Бразил.

Извор: bizlife.rs  

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.