Модните и „lifestyle“ брендови ги гледаат скијачките патеки како глобална сцена. EA7 Emporio Armani, Ralph Lauren и Lululemon ги дизајнираат униформите за репрезентациите на Италија, САД и Канада, претворајќи ја спортската опрема во приказна. Ralph Lauren го поставува тонот со впечатлив бел волнен капут за церемонијата на отворањето, а за затворањето се инспирира од „vintage“ комплети за скијачки трки. Salomon дополнително го зацврстува кредибилитетот опремувајќи 18.000 олимписки и параолимписки волонтери со јакни и чизми.
Приказната не застанува кај јакните, туку се шири и на секојдневните ритуали. Dagsmejan носи термо-регулирачка облека за спиење и маски за очи за спортистите, додека J.Crew и SKIMS ги преведуваат алпските кодови во „lifestyle“ колекции инспирирани од скијањето. Сето тоа заедно ја обликува скијачката култура како целодневен, целосезонски начин на живот, а не само момент на патеката.
Од планинска колиба до писта
Како што скијачката култура влегува во секојдневниот зимски живот, брендовите ги повикуваат потрошувачите да учествуваат преку стилот и искуството. Скијачката и сноуборд колекција на J.Crew го одразува тоа поместување. Кампањата прикажува професионални спортисти како се маваат со снежни топки или се релаксираат на лежалки, додека тригодишното партнерство наговестува долгорочна посветеност. Vogue Shopping едиторијалот со фокус на ски-естетиката цврсто го позиционира алпскиот стил во секојдневните зимски комбинации. „Snowed in, styled out“ го доловува расположението и ја претставува сезоната како свесен естетски избор.
Алпската приказна продолжува во Кортина д’Ампецо. The Frankie Shop ја фотографираше својата „Après-Ski“ колекција во амбиент на планински ритуали, каде локацијата станува и сценографија и продажен простор. По повод лансирањето, брендот организираше „après-ski“ настан во планинската колиба Bar Dolomiti, со бифе и ДЈ. Инспирацијата од доцните седумдесетти и осумдесетти години носи издолжени силуети, раскошни текстури и богати крзнени детали.
Сепак, ски-стилот се соочува и со реалноста: техничката опрема е скапа и има кратка сезона на носење. Потрошувачите одговараат со попремислени избори. The RealReal преку „Escape Mode: Mountain Shop“ ја редефинира ски-гардеробата преку препродажба и долговечност. H&M x Perfect Moment го носи „après-ski“ стилот во градски контекст. Стилистите и креаторите дополнително го поттикнуваат ова поместување. Модната консултантка Жаклин Таунсли неодамна креираше „mood board“ водич за ски-патување, додека глобалната модна икона Грес Ганем сподели ски-комбиации со коментар: „Некои ќе речат дека сме го пропуштиле снегот.“ Сето тоа покажува како ски-културата се развива во флексибилен, стилски воден зимски менталитет.
Аксесоари и убавина: топлина во ладните денови
Ниту модните додатоци и „beauty“ брендовите не остануваат настрана. Брендот за торби Freja го претстави „The Alpine Edit“, првиот во серијата „The Departure Edit“. Наменет за моменти на ресетирање, пристигнувања, заминувања и по патеката, овој едиторијал нуди практичност и флексибилност. Пространите, сведени модели лесно се вклопуваат со слоевито облекување и го следат темпото на зимското бегство.
„Beauty“ индустријата го следи истиот ритам. Сè повеќе внимание се посветува на „après-ski“ рутината за нега на кожата, бидејќи студот и надморската височина стануваат специфични предизвици за кожата. Cosmetics Business ја истакнува „après-ski“ убавината како растечки тренд, нагласувајќи дека кожата во зима се однесува поинаку. Ноќниот хидратантен крем и маска со церамиди и хијалуронска киселина на Ole Henriksen – „Après Skin“, претставува мултифункционално продолжување на секојдневната нега.
Компанијата Symrise го промовира свесното забавување, уживањето во зимските ритуали и духот на Зимските олимписки игри. Скијачката сезона повеќе не е само тесно специјализирана област, спортот стана „lifestyle“ момент кој опфаќа повеќе категории.
Извор: bizlife.rs