Јапонија нуди бесплатни летови за странски туристи

Јапонија повторно го подигнува нивото на гостопримливост, и овојпат буквално ве носи на авантура! Ако планирате патување во земјата на изгрејсонцето, Japan Airlines ви дава причина плус да ја истражите подалеку од Токио и Кјото: бесплатни домашни летови за странски туристи.

japonija-3996-fi

Извор: Freepik

 Што точно нуди иницијативата?

Japan Airlines (JAL) започна програма која им овозможува на интернационалните патници што резервираат авионски билет до Јапонија да добијат еден бесплатен домашен лет до било кој град во државата. Целта е да се поттикне туризмот во помалку познатите, но еднакво магични делови од Јапонија, од снежните планини во Хокаидо до тропските плажи во Окинава.

Кои држави се опфатени?

Во иницијативата се вклучени патници од повеќе земји, меѓу кои:

Индија, САД, Канада, Мексико, Тајланд, Сингапур, Виетнам, Филипини, Индонезија, Австралија, Нов Зеланд, Тајван, Кина и уште неколку други, со најави дека ќе се додаваат нови земји во текот на наредните денови.

 Како функционира?

За да ги искористите бесплатните летови, мора да ги исполните следните услови:

  1. Да купите интернационален билет со Japan Airlines до Јапонија.
  2. Да резервирате домашен лет преку истата авио-компанија.
  3. Да се пријавите преку нивната официјална промотивна платформа (линкот ќе биде објавен од JAL).

Сепак бројот на бесплатните билети е ограничен,  што значи, побрзите патуваат подалеку.

Во суштина, ова е паметно осмислена маркетиншка стратегија од Japan Airlines.
Преку иницијативата, тие не само што привлекуваат нови интернационални патници, туку директно ја поттикнуваат продажбата на интерни летови, го зголемуваат интересот за помалку познатите региони и го позиционираат брендот како лидер во туристичка иновација.

Дополнително, со ваквата понуда JAL гради емотивна поврзаност со патниците – им нуди чувство дека се „наградени“, а не само клиенти. Во време кога конкуренцијата во авиоиндустријата е огромна, токму ваквите искуства прават разлика и влијаат на лојалноста кон брендот.

Зошто ова е одлична шанса?

Јапонија е земја со неверојатен културен и природен диверзитет. Но, поголемиот дел од туристите остануваат во класичната рута Токио – Кјото – Осака. Со бесплатен домашен лет, можете да скршнете од патеката и да откриете:

Самурајски градови во Каназава, активни вулкани во Кјушу, скијачки раеви во Нисеко, мистични острови во Шикоку.

Официјалниот датум на старт на иницијативата и начинот на аплицирање ќе биде објавен од Japan Airlines во следните денови. Дотогаш, ако Јапонија ви е на листата на желби, сега е вистинското време да почнете да го планирате патувањето.

Замислете си оваа иницијатива да се прошири и за патници од Македонија: лет од Скопје до Токио, а потоа уште еден, бесплатен лет до некој магичен дел од Јапонија.
Каде би заминале најпрво – во планински рјокан со онсен бањи, на снежни скијачки патеки, или на тропска плажа со суши за појадок?
Размислете, можеби оваа можност е поблиску отколку што мислиме.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.