„Штом еднаш ја отворите Пандорината кутија, најчесто завршувате со одговарање, гасење пожари и непланирано губење часови и часови“, вели Закари Вајнер, директор на маркетинг агенцијата Emerging Insider Communications.
Сепак, околу 84% од вработените ги проверуваат своите е-пошти за време на одмор, а над 70% комуницираат преку три или повеќе платформи, како што се Teams, Slack и WhatsApp.
„Интервенција за е-пошта“
Робинсон започна кампања со наслов „Интервенција за е-пошта“, во обид да се справи со паниката која многумина ја чувствуваат поради пораките на одмор.
Во анкета што ја спроведе во април резултатите се следни:
25% од вработените пропуштиле одмор за да избегнат натрупан инбокс;
34% го скратиле одморот од истата причина;
87% поддржуваат официјална политика на компанијата за дисконектирање надвор од работно време, освен во итни случаи;
Како позитивен пример, Робинсон го споменува Mercedes-Benz, каде што е-поштата автоматски се брише додека вработените се на одмор. Тој што испраќа порака добива известување дека истата нема да биде прочитана.
„Се среќавам со сè повеќе луѓе кои се натрупани со мејлови, а менаџерските функции се дури и во полоша состојба” додава тој.
Совети како да избегнете стрес од е-пошта на одмор
Активирајте „OOO“ порака неколку дена пред и по одморот. Шон Палмер, основач на The Annuity Expert, предлага автоматската порака „Out of Office“ да се вклучи неколку дена пред и по одморот, за ментално да го продолжите чувството на одмор.
Одберете „партнер за е-пошта“
Џек Андервуд, директор на Circuit, советува следење на поштата да се пренасочи на колегата кој е во канцеларија. Робинсон потенцира дека колегата треба да се јави само за итни случаи, а Вајнер предлага комуникација само преку СМС.
Користете филтри
Станислав Хилобоченко од Clario користи филтри за сортирање на итни пораки. Ким Роерер од Oyster користи два филтри:
-Сите пораки одат во архива и се обележуваат како прочитани
-Сите со наслов „README“ се чуваат во посебна папка
Во автоматската порака објаснува дека ги брише сите пораки за време на одмор,а оние што се најважни да се препратат со „README“. По двонеделен одмор, имала над 3.000 пораки.
Исклучете известувања
Кристи Пирз од Paradigm Peptides советува да се исклучат сите известувања од апликации.
Уредничката Мригаа Сети оди чекор понатаму: „Избришете ги апликациите!“, е-пошта, Slack, Teams… „Не оставајте ниту полуотворена врата.“
Ако баш мора да проверувате е-пошта…
Одредете време. Дејвид Ли, директор на Iveda, вели дека ја проверува е-поштата секој ден, но во строго определено време.
Џонатан Закаријас од GR0 препорачува брзо проверување еднаш дневно. Ендру Мајер од Arbor предлага тоа да биде наутро или доцна навечер, за да не се пропуштат активности.
Не одговарајте – ако не мора
Робинсон вели дека една е-пошта „раѓа уште 5 нови“, и дека секоја порака троши по 3 минути. „Заштедете си 18 минути за секоја порака што нема да ја испратите.“
Брајан Ли од Arena Club вели дека со тоа што не праќате пораки додека сте на одмор создава јасни лични граници -„луѓето ќе го почитуваат вашето време.“
Извор: bizlife.rs