Поводот е краток кадар од writers room-от, кој дел од гледачите го протолкуваа како доказ дека AI алатка била отворна на лаптоп за време на креативниот процес.
Кадарот што ја покрена лавината
Во деновите по објавувањето на документарецот, снимката од „спорниот“ момент почна масовно да кружи низ интернетот, придружена со коментари дека „сега сè има смисла“ и теории дека дел од пишувањето му бил препуштен на генеративната вештачка интелигенција. Обвинувањата, очекувано, се поделија во два правци: едни во тоа гледаат црвена линија што го менува авторството и идентитетот на серијата, додека други тврдат дека станува збор за избрзан заклучок заснован на еден единствен кадар, без докази што точно било отворено на екранот и со која цел.
Клучно е дека засега нема официјална потврда дека ChatGPT (или кој било друга AI алатка) бил користен за пишување на сценариото. Документарецот ја прикажува работната атмосфера, разговорите и притисоците врз тимот, но не нуди експлицитна информација ниту „AI пишувал“, ниту „AI не бил користен“, пишува порталот Tribune.
Финалната сезона под притисок
Дебатата дополнително се разгоре затоа што самиот документарец отвора уште една важна тема: браќата Дафер признаваат дека продукцијата на финалето започнала пред сценариото за последната епизода целосно да биде завршено, што го опишуваат како стресен и ризичен потег. Во ваков контекст, наративот за можни „заобиколувања“ добива на тежина кај дел од јавноста, дури и без јасни докази.
Сепак, фактот дека сценариото „се довршува во од“ не е новост во големите ТВ-продукции, особено кога паралелно се решаваат логистиката, визуелните ефекти, големата актерска екипа и временските прозорци за снимање. Документарецот токму на тоа инсистира – на размерите на последната сезона, сетовите, техничките предизвици и „индустриското“ ниво на сложеност на финалното поглавје.
Извор: web-mind.rs