Како еден вирален момент на Empire State Building стана нов маркетинг тренд?

Едно илегално искачување на врвот на Empire State Building се претвори во глобален вирален момент, но и во уште еден пример за тоа како современиот маркетинг сè побрзо се потпира на интернет сензациите без чекање, без стратегија и без дистанца.

potfat-5998-fi

Извор: Unsplash/John Fornander

Двојката позната по екстремните „rooftopping“ потфати, Ангела Николау и Иван Кузњецов, успеа да се искачи на врвот на една од најпрепознатливите згради во светот. Таму тие развија транспарент со порака „When the power of love beats the love of power, the world knows peace“ и симболично се верија. Нивниот чин, иако илегален и опасен, во рок од неколку часа стана глобален хит на социјалните мрежи.

Но, она што уследи потоа стана еднакво интересно како и самиот потфат.

Виралниот момент како гориво за брендовите

Наместо да остане само уште еден во низата екстремни моменти на социјалните мрежи, сцената од Empire State Building набрзо стана шаблон за комуникација на брендовите. Логоа, слогани и производи почнаа да ја „заменуваат“ оригиналната порака од транспарентот, додека компаниите и креаторите на содржини масовно влегоа во таканаречен trend-jacking (преземање на актуелен тренд за сопствена промоција).

Во рекордно време, истиот визуелен рамковен контекст двајца луѓе на врвот на зграда со развиен транспарент, беше претворен во шаблон за различни маркетиншки пораки, од хумористични објави до промотивни кампањи. Стручњаците го опишуваат овој феномен како забрзување на „meme-to-brand pipeline“ процесот, односно моментот во кој виралната содржина речиси моментално се трансформира во маркетиншка алатка.

Маркетинг во реално време – без стратегија

Она што некогаш се развиваше со денови или недели, денес се случува во реално време. Брендовите реагираат во рок од неколку часа, понекогаш и минути, користејќи ги виралните моменти како готов креативен материјал.

Во случајот со подфатот на Empire State Building, оригиналната порака на парот како и самиот ризик и контроверзија на нивниот чин набрзо станаа секундарни во однос на она што брендовите и интернет заедницата го направија од тој визуел. Додека едни во ова гледаат креативност и агилност, други предупредуваат на сè поприсутната „trend slop“ естетика површно и брзо рециклирање на вирални моменти без вистинска идеја или подлабока порака.

Границата меѓу културата и содржината

Овој случај повторно го отвора прашањето каде завршува органскиот културен момент, а каде почнува комерцијализацијата на секој вирален настан. Во ера на алгоритми, ниту еден вирален момент не останува „сопственост“ на учесниците, туку брзо станува суровина за бизнисот.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.