Нов хит во Кина: Возрасни користат цуцли за намалување на стресот

Животот во Кина за многумина е тежок, толку тежок што некои возрасни прибегнуваат кон однесување од раното детство. Според извештајот на South China Morning Post, сè поголем број Кинези трошат и до 70 долари на цуцли-лажливка за возрасни, кои се прилагодени за возрасна уста.

kina-4216-fi

Извор: Freepik

Некои продавачи тврдат дека продаваат и по 2.000 парчиња месечно. Корисниците велат дека цуцлите – лажливки им помагаат да го намалат стресот и вознемиреноста, слично како кај бебињата, а некои ги користат и за да престанат со пушење. Еден продавач дури тврди дека можат да помогнат и при апнеа во сон.

Феноменот има и психолошко објаснување, станува збор за регресија, одбранбен механизам при кој возрасна личност, во емоционално тешки ситуации, прибегнува кон однесувања од порано, кога се чувствувала побезбедно.

На социјалните мрежи, особено на TikTok, трендот се шири и надвор од Кина. Американски корисници објавуваат видеа во кои користат цуцли додека работат, патуваат низ градските гужви или извршуваат стресни секојдневни задачи.

Сепак, стоматолозите и психолозите предупредуваат дека трендот не е без ризици. Тан Каомин, стоматолог од кинеската провинција Сечуан, предупредува дека долготрајната употреба (повеќе од три часа дневно) може да го промени положбата на забите, да го ограничи отворањето на устата и да предизвика болка при џвакање.

Психолозите додаваат дека цуцлата може да пружи краткорочно олеснување, но не го решава вистинскиот извор на стресот или анксиозноста, со кои треба да се соочи директно.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.