Се наѕира ли иднината на „дејтингот“ без луѓе во Њујорк: првото AI дејтинг кафуле ги отвора вратите

Во Њујорк ќе се одржи „pop-up“ настан кој се рекламира како првото во светот AI дејтинг кафуле, простор дизајниран специјално за средби на луѓето и нивните вештачки партнери. Настанот под името EVA AI Café ќе биде организиран во Same Same Wine Bar во Hell’s Kitchen и е замислен како целосно нов концепт на излегување за Денот на вљубените, каде што гостите доаѓаат сами и комуницираат со својот AI сопатник преку апликација.

dating-5358-fi

Извор: Freepik

Просторот е уреден како традиционален ресторан со романтична атмосфера, само што масите се поставени за едно лице со држач за телефон пред секое место, на кој се наоѓа AI партнерот преку апликацијата EVA AI. Посетителите, со преземање на апликацијата, можат да креираат и да „излегуваат“ со дигитален сопатник во живо со новите функции како што е гласовен разговор во живо (live voice chat).

Организаторите истакнуваат дека идејата е овој концепт да биде пример како вештачката интелигенција може да биде дел од емоционалните искуства на луѓето, особено на оние кои чувствуваат замор од класичните апликации за запознавање или имаат социјална анксиозност. Критичарите укажуваат на тоа дека ваквиот пристап отвора прашања за границата помеѓу технологијата и вистинската блискост и за тоа што значи интимноста во дигиталната ера.

Извор: webmind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.