Од амбициозни историски драми и психолошки трилери, преку анимирани хитови и музички биографии, па сè до хорори – ова е листата на номинираните за најдобар филм, со уште неколку забележителни кандидати.
Кандидати за Оскар за најдобар филм
Sinners
(HBO Max, Hulu, Amazon Prime Video)
Реткост е хорор филм да стигне до оскаровски номинации, но Sinners успеа да ја разбие таа традиција. Во овој историски трилер, Michael B. Jordan игра двојна улога на близнаци кои се враќаат во родниот крај во делтата на Мисисипи за да се соочат со личното и колективното минато.
Филмот обработува теми како системски расизам и наследена траума, а трансформацијата и актерската прецизност на Jordan се меѓу главните причини што филмот го привлече вниманието на Академијата.
Bugonia
(Peacock, Apple TV+)
Во главните улоги се Emma Stone и Jesse Plemons. Приказната ги следи двајца опседнати теоретичари на заговори кои киднапираат моќна директорка на компанија, убедени дека таа е вонземјанин што се подготвува да ја уништи Земјата.
Инспириран од култниот јужнокорејски филм „Save the Green Planet!“, овој наслов комбинира црн хумор, параноја и критика на корпоративната алчност.
Frankenstein
(Netflix)
Новата интерпретација на романот на Mary Shelley ја донесува класичната приказна за научната гордост и создавањето чудовиште во посовремен, визуелно раскошен стил.
Во филмот глумат Oscar Isaac, Jacob Elordi и Mia Goth, чии изведби добија одлични критики. Оваа верзија на Frankenstein се фокусира на психолошките мотиви на ликовите и на етичките граници на создавањето живот.
Sentimental Value
(Apple TV+, Amazon Prime Video)
Оваа семејна драма ги следи две сестри кои, по смртта на мајка им, повторно воспоставуваат однос со отуѓениот татко. Ликот на таткото, познат холивудски режисер, го игра Stellan Skarsgård. Кога ќе ѝ понуди главна улога на едната ќерка во неговиот нов филм, таа ќе го одбие и тогаш потиснатите семејни тензии конечно излегуваат на површина.
Филмот ги обработува односите, очекувањата и емоционалните долгови во семејството.
The Secret Agent
(Apple TV+)
Бразилскиот трилер го следи Marcelo (Wagner Moura), кој станува мета на суров диктатор и платени убијци. Со помош на движењето на отпорот, тој се обидува да побегне заедно со својот син.
Филмот комбинира политичка напнатост, акција и интимна приказна за татковство и преживување.
Train Dreams
(Netflix)
Сместен во Америка на почетокот на 20тиот век, „Train Dreams“ го следи животот на еден дрвосечач кој живее скромно во време на брзи општествени промени.
Филмот е медитација за загуба, љубов и неможноста да се одржи стабилност во свет што неизбежно се менува.
Marty Supreme
(Apple TV+, од 3 февруари)
Timothée Chalamet го игра Marty Mauser, млад човек од Њујорк во педесеттите години, кој сонува да стане светски шампион во пинг-понг. Покрај него играат Gwyneth Paltrow и Tyler, the Creator. Филмот раскажува необична приказна за амбиција, талент и опсесија со успех.
One Battle After Another
(HBO Max, Hulu, Amazon Prime Video)
Leonardo DiCaprio игра поранешен револуционер кој живее повлечено со својата ќерка. Мирот го нарушуваат некогашни политички сојузници и непријатели кои повторно се појавуваат во неговиот живот.
Филмот е динамичен акционен трилер, но и приказна за татковство и границите на личното жртвување.
F1
(Apple TV+, Amazon Prime Video)
Brad Pitt го игра Sonny Hayes, пензиониран возач на Формула 1 кој се враќа во спортот за да тренира млад талентиран возач.
Филмот обработува теми како искупување, тимски дух и односот меѓу ментор и ученик, со импресивни тркачки сцени.
Останати забележителни кандидати за Оскар
Song Sung Blue
(Amazon Prime Video)
Номинација: Најдобра женска главна улога
Заснован на вистинита приказна, филмот го следи музичкото дуо што од настапи по барови стигнува до слава како Neil Diamond tribute бенд.
Kate Hudson, номинирана за најдобра женска главна улога, дава емотивна и шармантна изведба на уметница што не се откажува.
Blue Moon
(Apple TV+, Amazon Prime Video)
Номинации: Најдобро сценарио, најдобра машка главна улога
Ethan Hawke го игра Lorenzo Hart, талентиран но самодеструктивен текстописец. Приказната го следи неговото соочување со падот на кариерата и предизвиците со менталното здравје.
Филмот е интимен портрет на креативна криза и личен распад.
KPop Demon Hunters
(Netflix)
Номинации: Најдобар анимиран филм, најдобра оригинална песна
Анимираниот хит ги следи K-pop ѕвездите што ноќе стануваат ловци на демони. Покрај визуелниот спектакл, филмот нуди и впечатлива музика. Песната „Golden“ е номинирана за најдобра оригинална песна.
Weapons
(HBO Max, Hulu)
Номинација: Најдобра женска споредна улога
По мистериозното исчезнување на 17 ученици, сомнежот паѓа на учителката што ја игра Julia Garner.
Amy Madigan е номинирана за најдобра женска споредна улога во овој мрачен и вознемирувачки хорор.
If I Had Legs I’d Kick You
(HBO Max, Amazon Prime Video)
Номинација: Најдобра женска главна улога
Rose Byrne игра мајка на раб на психички колапс, соочена со болест на детето и емоционална изолација. Нејзината извонредна изведба заслужено ја привлече вниманието на жирито.
Филмот ги обработува темните страни на мајчинството, чувството на вина и срам.
Zootopia 2
(Amazon Prime Video, Apple TV+)
Номинација: Најдобар анимиран филм
Во овој долгоочекуван продолжеток на филмот „Zootopia“ од 2016 година, полицајците почетници Judy Hopps и Nick Wilde работат на таен случај. Откривајќи нови работи за својот град, нивното партнерство се тестира како никогаш досега.
Франшизата ги обработува темите на пријателство и поврзаност и покрај разликите вредни лекции и за децата, и за возрасните.
Elio
(Disney+)
Номинација: Најдобар анимиран филм
Во овој анимиран спектакл, момче опседнато со вселената, вонземјаните по грешка го сметаат за водач на Земјата и го одведуваат во космичка авантура за која можело само да сонува.
И покрај фантастичната приказна, филмот обработува теми како самоспознавање и пронаоѓање на сопствениот идентитет, и претставува уште еден идеален избор за семејна филмска вечер.
Извор: easylife.rs