Едноставни техники што го зајакнуваат помнењето, фокусот и секојдневната ментална јасност
1. Обратете внимание во моментот
Најчеста причина за заборавање не е слабо памтење, туку недоволно внимание. Ако ви талкаат мисли додека ги оставате клучевите или запознавате нови луѓе, мозокот воопшто не ја регистрира информацијата. Затоа, кога правите нешто – забавете. Погледнете го местото каде го оставате предметот и свесно изговорете: „Клучевите се на комодата.“ Така создавате јасна ментална трага.
2. Поврзете ја информацијата со емоција
Мозокот подобро памети нешто што буди емоции. Затоа паметиме моменти кои нè насмеале, ражалиле или изненадиле. Кога сакате да запомните нешто, поврзете го со боја, мирис или асоцијација. На пример, името на колешката може да го поврзете со омиленото цвеќе или интересен детаљ од нејзината приказна.
3. Активирајте повеќе сетила
Користете што повеќе сетилни информации. Визуелизирајте, запишете или кажете наглас. Кога запознавате некого, замислете го неговото име напишано, или поврзете го со слика. Ако сакате да запомните каде сте паркирале, создадете ментална слика – бојата на ѕидот, бројот на паркинг место или некој знак околу вас.
4. Користете мнемотехники
Кратенки, рими и асоцијации многу помагаат. За памтење на редослед, составете кратка реченица од првите букви на секој збор. Овие „трикови“ ги користат студенти, актери и предавачи бидејќи му помагаат на мозокот да групира и полесно повикува информации.
5. Создадете повеќе ментални патеки
Колку повеќе информации поврзувате со нешто, толку полесно ќе го запомните. Ако сакате да запомните нечие име, поврзете го со местото на запознавање, темата на разговор или некој интересен детал. Така мозокот гради повеќе патеки до истата информација.
6. Вежбајте го памтењето
Памтењето е како мускул – се зајакнува со вежбање. Повторувајте информации во интервали, не одеднаш. Наместо цел ден учење, враќајте се на материјалот неколку пати неделно. Оваа техника, позната како „spaced repetition“, научно го зајакнува долгорочното памтење.
7. Групирајте информации
Кога учите поголема количина податоци, поделете ги на помали делови. Наместо да паметите долга листа одеднаш, поделете ја на 3-4 целини. Мозокот полесно складира вакви информации.
8. Вклучувајте нови активности
Мозокот сака новини. Учење јазик, свирење инструмент или нов спорт создава нови нервни врски. Редовното предизвикување на мозокот го одржува „млад“ и активен.
9. Грижете се за здравјето
Добро памтење не доаѓа само од ментални техники. Квалитетен сон, здрава исхрана и движење се неопходни. Недостаток на сон, стрес и лоши навики (многу шеќер или алкохол) директно ја намалуваат концентрацијата.
10. Опуштајте се и дишите
Хроничниот стрес создава „ментална магла“ и го попречува памтењето. Длабоко дишење, прошетка, јога и медитација можат да му помогнат на мозокот да се ресетира.
11. Спијте доволно
Сонот е моментот кога мозокот ги „среди“ информациите и ги претвора во долгорочно памтење. Идеално, спијте 7–9 часа секоја вечер. Недостатокот на сон значи послаба концентрација и помнење.
12. Храна за мозокот
Храна богата со антиоксиданси, витамини и здрави масти (ореви, маслиново масло, риба, шумско овошје) го зајакнува мозокот. Медитеранската исхрана посебно се покажала корисна.
На крај – не паничете!
Сите понекогаш забораваме каде ни е телефонот или кому веќе сме се претставиле. Таквите „празнини“ се нормални и дел од секојдневието, а не знак за болест. Решението не е грижа, туку грижа за себе: одморен мозок, здраво тело и смирен ум паметат многу подобро од исцрпен организам.