Зошто Coca-Cola си го „згужва“ логото?

Брендот кој го има можеби најпрепознатливото лого во светот, Coca-Cola го најави лансирањето на нова глобална OOH кампања насловена „Recycle Me“ („Рециклирај ме“), со храбар потег. Ретко кој бренд би го манипулирал своето лого но Coca Cola за да ги инспирира луѓето да го направат рециклирањето дел од нивното секојдневие стартува кампања со „згужвано“ лого на креативата.

coca-cola-1286-fi

Извор: Ogilvy

Кампањата која ќе започне на пазарите во Латинска Америка, треба да ги мотивира потрошувачите да ги рециклираат своите искористени лименки, поддржувајќи ја компаниската стратегија за „Свет без отпад“ (“World Without Waste”). Идејата е да се промовира одржливоста како колективна одговорност и да се поттикне рециклирањето на масовно ниво.

„Во Coca-Cola имаме за цел да создадеме свет без отпад. Ние работиме на иновации на производите кон постигнување на нашата глобална цел да направиме 100% од нашите пакувања да може да се рециклираат до 2025 година. Исто така, имаме за цел да собереме и рециклираме шише или лименка за секое едно кое ќе го продадеме до 2030 година, а имаме уникатна можност да го искористиме нашиот маркетинг да испратиме моќна порака и да ги привлечеме потрошувачите кон нашата мисија. „Рециклирај ме“ нè повикува сите да рециклираме секаде каде што е можно“ – истакнува Ислам Ел Десуки, глобален потпретседател за креативна стратегија и содржини во Coca-Cola.

coca-cola-1286-ps1

Извор: Ogilvy

Кампањата е развиена од WPP Open X, под водство на Ogilvy New York и со поддршка на Ogilvy PR.

Новинар, уредник, продуцент, комуникациски стратег, претприемач, предавач, зависник од ТикТок...многу именки ја дефинираат Велковска, а еден хаштаг ги обединува сите #ILoveMyJob

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.